Select Page
Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

Велигденска честитка од градоначалникот Ногачески

  1. Почитувани граѓани, православни христијани,
    Во името на општина Дебрца и во мое име Ви го честитам најголемиот христијански празник, Воскресението Христово.
    Празникот над празниците секогаш потсетува на трајните вредности на православната вера – љубов, толеранција, простување.
    Ви посакувам претстојните празнични денови да ги прославите со најблиските, во здравје, мир и радост.
    Христос воскресе !
Во Слатино оддадена почит кон Игор Костоски и неговите соборци, загинати во масакрoт кај Вејце

Во Слатино оддадена почит кон Игор Костоски и неговите соборци, загинати во масакрoт кај Вејце

По повод утрешниот тажен ден, пред 18 години, кога во заседа, кај тетовското село Вејце, свирепо, беа убиени и масакрирани осуммина припадници на специјалните единици на МВР и на АРМ, во селото Слатино, општина Дебрца, се одржа комеморација пред Спомен обележјето на Игор Костоски.

Денес уште еднаш се поклонивме пред спомен обележјето во село Слатино и го одбележивме херојското дело, 18 години од денот на загинувањето на нашиот сограѓанин, припадникот на специјалната единица на АРМ, “Волци”, водникот Игор Костески, на 28 април 2001 година, кај Вејце, Тетовско.28 април 2001 година е најцрниот ден во поновата македонска историја. Ден кога кај Вејце од страна на припадници на терористичката ОНА, на подмолен начин, во заседа беа убиени, а потоа масакрирани, а некои и живи запалени, 8 бранители, и тоа- 4 припадници на Специјалната единица на АРМ, “Волци”, меѓу кои и водникот Игор Костески и четири припадници на посебната единица на СВР Битола.Судбината сакаше Дебрца, која уште од времето на Свети Климентовата Кутмичевица, преку Илинденското востание, НОБ дала многу жртви и херои за денешната слобода, да даде уште една жртва и во воениот конфликт од 2001 година. – кажа градоначалникот Зоран Ногачески.

Обраќање за настаните од воениот конфликт 2001 година и грозоморниот чин во Вејце имаше Добре Велјаноски од охридскиот огранок на Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста.

На денешниот чин присуствуваа претставници на општина Дебрца, месната заедница село Слатино, Здружението на ветераните од одбраната и безбедноста, со претседателот, генералот во пензија Филип Котели, роднини на Игор и граѓани на Слатино.

Нека им е вечна слава. И на Игор и на неговите другари, соборци.
Хероите никогаш не умираат.

Општина Дебрца со Здружението за екологија и туризам “Екоменлог” Охрид, подружница Дебрца организираат дводневна посета на 86 Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2019″

Општина Дебрца со Здружението за екологија и туризам “Екоменлог” Охрид, подружница Дебрца организираат дводневна посета на 86 Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2019″

Општина Дебрца со Здружението за екологија и туризам “Екоменлог” Охрид, подружница Дебрца организираат дводневна посета на 86 Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2019”, Република Србија, кој ќе се одржи од 11-17 Мај 2019 година.
Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското производство, механизацијата, како и најдоброто во сточарството. Неодминливо место е за земјоделците и професионалната публика, на која земјоделството и е во фокусот на вниманието.
Општина Дебрца на земјоделците им обезбедува несекојдневна можност да бидат дел од овој настан.
Посетата на саемот е планирана за 13 и 14 Мај 2019 година, со едно ноќевање.
Трошоците за превоз се покриени од општината, а Ваше е да ги надоместите трошоците за ноќевањето ( околу 20-25 евра ноќевање со појадок ).
Заинтересираните земјоделци и други граѓани Ве очекуваме да се пријавите најдоцна до 01.Мај 2019 година, во општина Дебрца.

Општина Дебрца одобри 30.000 денари за лекување на Мартин Стојаноски

Општина Дебрца одобри 30.000 денари за лекување на Мартин Стојаноски

Советот на општина Дебрца, вчера едногласно одобри 30.000 денари за лекувањето на Мартин Стојаноски од Струга.

– На Мартин му посакуваме успешно закрепнување и исполнување на неговата желба да се врати меѓу стативите на фудбалските терени, како и да продолжи неговата огромна љубов кон хармониката. Да бидеме хумани и помогнеме на Мартин и неговата младост, истакна првиот човек на Дебрца Зоран Ногачески, на чиј предлог беше савена  точката на дневен ред.

Општина Дебрца додели нагледни средства и наставни помагала за основното училиште “Дебрца”

Општина Дебрца додели нагледни средства и наставни помагала за основното училиште “Дебрца”

Ветивме дека секогаш образованието ќе ни биде на прво место и ќе работиме на подобрување на условите за одвивање на наставно образовниот процес во основното училиште, и тоа континуирано го правиме со повеќе мерки.
Денес заокруживме уште еден проект и обезбедивме нагледни средства и наставни помагала за основното училиште ( микроскопски препарати по анатомија, ботаника, зоологија, галванометар, магнетни игли, тродимензионален демонстратор на магнетни сили, епрувети, тегови,пипети, бирета, инки, шпиртна ламба, релјефни карти, основен сет за магнетизам, за електроника, за механика, за математика и друго ).
Вредноста на набавката изнесува 100.000 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година.