Select Page
Делегација од општина Дебрца во посета на Баточина

Делегација од општина Дебрца во посета на Баточина

 

 

 

Делегација на Општина Дебрца, предводена од членот на советот Даниел Огненоски, беше во посета на општина Баточина, Република Србија, по повод патронатот на општината. Во име на градоначалникот на Општина Дебрца – Зоран Ногачески , и по негов налог , бев испратен да ја претставувам Општина Дебрца на свеченоста по повод -Денот на Општина Баточина.
По тој повод , во име на нашето пријателство и идна соработкана , на Градоначалникот на Баточина – Здравко Младенович му го предадов скромниот поклон од нашето културно наслетство , кој му го испрати градоначалникот Ногачески.
Честитки до Општина Баточина за прекрасниот пречек и незаборавно дружење. Поздрав до сите Баточинци и Ви посакувам многу здравје и среќа- изјави членот на советот од општина Дебрца, Даниел Огненоски

Закажана 15-та седница на Советот на општина Дебрца

Закажана 15-та седница на Советот на општина Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 15-та седница на Советот на општината Дебрца

 

Ја свикувам 15та седница на Советот на општината Дебрца.

               Седницата ќе се одржи на ден  28.09.2018 година (петок)

 , со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:      

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

 Усвојување на Записникот од 14-та седница на Советот на општина Дебрца.

  1. Предлог – Буџетски календар за изготвување на Буџетот на општина Дебрца за 2019 година
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Програмата за енергетска ефикасност на Општина Дебрца 2018-2020
  3. Предлог – Одлука за усвојување на извештај за финансиско работење на ОУ „Дебрца“ с.Белчишта за период од 01.09.2017 до 31.08.2018 година
  4. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Годишната програма за работа на основното училиште „Дебрца“ – Белчишта во учебната 2017/2018 година
  5. Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за постигнатиот успех на учениците на основното училиште „Дебрца“-Белчишта во учебната 2017/2018 година
  6. Предлог – Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на основното училиште „Дебрца“- Белчишта во учебната 2018/2019 година
  7. Предлог – Мислење по Програмата за реализација на тридневна научна ескурзија – IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2018/2019 година
  8. Предлог – Мислење по програмата за реализација на есенски и пролетен излет на учениците од I до IX одделение ОУ „Дебрца“ Белчишта во учебната 2018/2019 година
  9. Предлог – Одлука за именување на член на Управен одбор при ЈЗУ Здравствен дом – Охрид

 

  • Советнички прашања

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                 Петре Голабоски

 

Реализација на програмата за асфалтирање и реконструирање улици во општината

Реализација на програмата за асфалтирање и реконструирање улици во општината

Минатиот месец работевме на подобрување на патната инфраструктура во општината и успешно ја извршивме Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2018 година,донесена од советот на општината.
Согласно Програмата асфалтиравме и реконструиравме улици во повеќе села во општината и тоа:
-село Белчишта, дел од улица до Црква “Св.Никола”, во должина од 75 метри;
-село Арбиново, дел од улица до Црква “Св.Атанасије”, во должина од 175 метри;
-село Требеништа, две улици, во должина од 320 метри;
-село Горенци, улица во должина од 170 метри;
-село Оровник, улица во должина од 190 метри.
Беше извршено крпење на ударни дупки на повеќе општински патишта и улици во населените места во општината.
Изведувач на работите беше “Илинден” АД Струга, а вкупната вредност на работите изнесува 4. 126.460,00 денари.
Од ЈП за државни патишта се обезбедени 3.167.954,00 денари, а преостанатите средства, во износ од 958.506,00 денари се обезбедени од Буџетот на општината Дебрца за 2018 година. – изјави градоначалникот Ногачески.

Изложбата на фотографии „Јас припаѓам тука“

Изложбата на фотографии „Јас припаѓам тука“

Деновиве во Уметничката галерија во с. Белчишта во тек е изложбата на фотографии „Јас припаѓам тука“ .
Оваа активност е дел од проектот „Декада на припадност – Славење на различностите“, и се реалиира во соработка со Здружението Инклузија од Охрид, а финансиран од Европската Унија.
Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

Се пробива патот до археолошкиот локалитет “Требенишкото Кале”

Се пробива патот до археолошкиот локалитет “Требенишкото Кале”

Деновиве интензивно работиме на пробивање на патот од Требенишкото Езеро до археолошкиот локалитет “Требенишкото Кале”. Патот со години не е прочистен и e обраснат со густа вегетација.
Првенствено го пробивме патот до новоизградената црква “Света Петка”, во должина од 600 метри.
До понеделник ќе ги допробиеме и другите околу 1,5 км од патот и ќе стигнеме до планинскиот врв “Габер”, односно до “Требенишкото Кале”, најпознатиот археолошки локалитет во општина Дебрца.
Овој град имал доминантна позиција со извонредно стратегиски можност за контрола на целото Струшко Поле и патиштата од Дебар и од Струга кон Пелагонија и од Кичевско кон Лихнид (Охрид). Комплексни културни хоризонти од архајското време до доцната антика, 6 век н.е., големата градска површина од 4.66 хектари, пак, укажувале на посебно значаен град кој секако бил еден од градовите во Десаретија.
Иако светски познат локалитет, сепак недоволно промовиран. Наша обврска е тоа да го промениме. – изјави градоначалникот Ногачески.