Jan 31, 2022
Оваа година за Денот на ретките болести 2022 година ги повикуваме сите да и помогнат на заедницата за ретки болести да се обедини со ланец светла низ целиот свет.
Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.
Сите знаеме дека изминатата, но и почетокот на оваа година поминува, во светлото на КОВИД-19.
Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво.
Во вторник на 1 февруари зградата на Општина Дебрца ќе свети во знак на подршка на кампањата за ретките болести.
Секој може да учествува во Глобалниот синџир на светла и да ги сподели вашите бои!
Во обид за глобална солидарност, поканети сте да го осветлите или декорирате вашиот дом со боите на Денот на ретки болести во 19 часот по вашето локално време на 28 февруари 2022 година
Jan 31, 2022
По повод 2 февруари – Светскиот ден на водните живеалишта, „ЕКОТУРИЗАМ 2016“ Охрид како организатор и Општина Дебрца како домаќин, заеднички ќе го одбележат настанот „КОН ПОДОБРО УПРАВУВАЊЕ СО ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО, СТУДЕНЧИШКО БЛАТО И БЕЛЧИШКО БЛАТО“. Во агендата за овој еколошки важен датум се предвидени презентации за студиите за валоризација на овие важни екосистеми, прикажување на едукативно-документарен филм „Белчишко Блато – синиот бисер од Дебрца“, како и јавна дискусија и дегустација на традиционални специјалитети. Во одбележувањето ќе се придружат Министерството за животна средина и просторно планирање, Општина Охрид и Хидробиолошкиот Институт од Охрид.
Настанот ќе се одржи во просториите на идниот музеј на Белчишко Блато, Општина Дебрца, с. Белчишта.
Jan 27, 2022
Денес во општина Дебрца се одржа јавна дебата со заинтересирани граѓани за под-проектот:
“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца, а кој ќе се финансира преку Министерството за финансии, со под-заем и грант , во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
Jan 26, 2022
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 4-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 4–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 28.01.2022 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 2-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 3-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог Одлука за утврдување на стапките на даноците на имот во општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на извештајот за реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2021 година
- Предлог – Одлука за предавање во сопственост на движна ствар – возило за собирање на комунален отпад – половно товарно, марка Scania P4x2 на ЈКП „Дебрца“
- Предлог – Годишна програма за изработка на Урбанистички планови за Општина Дебрца во 2022 година
- Предлог – Одлука за именување на членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
- Предлог – Одлука за именување членови на Надзорниот одбор за контрола на материјално – финансиското работење на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ – с.Белчишта
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2022-2024 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (бр. УП108-62/21 од 04.10.2021), и донесување на предлог тарифи-цени за снабдување со вода за пиење или водоснабдување за домаќинства и останати (правни лица)
- Предлог – Одлука за давање согласност на Одлукаа за усвојување на Решението за утврдување на тарифа за собирање на урбани отпадни води на ЈПКД Дебрца за регулиран период 2022-2024 година од Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги на РСМ (бр УП108-63/21 од 04.10.2021), и донесување на предлог тарифи – цени за собирање на урбани отпадни води за домаќинства и останати (правни лица)
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Jan 21, 2022
Врз основа на одлуката на советот на општина Дебрца, одржана на ден 31.05.2021 година општина Дебрца до Министерството за финансии поднесе апликација за добивање на под-заем во рамките на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка, со цел финансирање под-проектот:
“Модернизација на јавното осветлување/ замена на постојните улични светилки со нови лед светилки во населените места во општина Дебрца”.
Поднесената апликација е прифатена и следниот чекор е одржување на Јавна дебата со заинтересирани граѓани, на која ќе биде образложен аплицираниот под-проект.
Јавната дебата ќе се одржи на ден 27.01. 2022 година / четврток/, во салата за седници на советот на општината, во административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта, со почеток во 12.00 часот.
На Јавната дебата може да присуствуваат заинтересирани граѓани и претставници на месните заедници.
Градоначалник,
Зоран Ногачески