Select Page
Презентирана нацрт верзијата од ЛЕАП 2019-2026

Презентирана нацрт верзијата од ЛЕАП 2019-2026

Денес во општина Дебрца од страна на консултантот Maneko Solutions Скопје беше презентирана нацрт верзијата од Локалниот еколошки план за општина Дебрца 2019-2025 година.
Овае втор ЛЕАП за општина Дебрца, по оној за периодот 2006-2012 и истиот претставува стратешки документ со кој се врши идентификација и изнаоѓање на решенија за аспектите на животната средина во Општина Дебрца.


Локалниот еколошки акционен план се изработува во рамки на Проектот „Унапредување на општинското владеење“, финансиран од Европската Унија, спроведуван од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), а во партнерство со Министерството за локална самоуправа и Министерството за финансии.
По изготвувањето на предлог Локалниот еколошки акционен план истиот ќе биде ставен на усвојување од советот на општина Дебрца.

Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Пред почетокот на новата учебна 2019/ 2020 година во основното образование. По тој повод градоначалникот Зоран Ногачески приреди свечен прием за 24-те првачиња во Дебрца, кои од 2 -ри Септември за прв пат ќе зачекорат во училишните холови и ќе седнат во училишните клупи.

 

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ОУ “Дебрца” ќе произлезе некој архитект, успешен спортист, доктор, универзитетски професор, градоначалник, а зошто не и нобеловец. Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите. Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности. Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,  бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари. Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност. Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња. – кажа градоналалникот Ногачески по свечениот прием.

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица

На сите верници од православна вероисповед Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
На овој празничен ден да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите кои се наше секојдневие – да бидеме добри луѓе, да подадеме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.
За многу години.

Низа проекти за изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца

Низа проекти за изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца

Минатата година, поаѓајќи од барањата на граѓаните отпочнавме со проектот “Изградба на бетонски пропусти на локални и полски патишта и улици во општина Дебрца”. Проектот опфати повеќе активности : поставување на армирано бетонски цевки за премостување на водотеци, изградба на бетонски влезни и излезни шахти за пропусти, крилни ѕидови, изградба на бетонски канали за вода со или без метални решетки и др.
Ветивме дека со овие активности продолжуваме и оваа година.
Досега оваа година реализирано :
– Лешани, го решивме проблемот со пропуст на полски пат и мини разделителна градба за наводнување,
– Велмеј, го решивме проблемот со зафаќање на атмосферските води на регионалниот пат, кај селскиот дом, и реконструкција на мост по улицата кај изворите на “Истокот”.
-Врбјани, Годивје и Лактиње, решени пропустите и каналите по улиците кои се планирани за асфалтирање,
-Песочани, изградена шахта на бразда за наводнување. Навидум ситни, ама за граѓаните битни активности.
Продолжуваме понатаму…..

Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)

Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)

Република Северна Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги (MSIP)

MSIP-SH-MUN-DEB-01-19

1. Овој Повик за поднесување на понуди ја следи општата објава за набавки за овој проект објавена во изданието на UN Development Business со бр. 767 од 31 јануари, 2010 година (печатено издание) и електронски објавена на 06 јануари, 2010 година.

Република Северна Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: Подобрување на општинските услуги преку набавка на нова IT опрема

2. Општина Дебрца ги повикува соодветните и квалификувани Понудувачи за набавка на добра – IT опрема да ги достават своите запечатени понуди.

3. Поднесувањето понуди ќе се спроведе преку процедури за купување како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD заеми и IDA кредити од јануари 2011 година, и е отворен за сите Понудувачи од квалификуваните држави како што е дефинирано во тендерската документација.

4. Заинтересираните Понудувачи може да добијат дополнителни информации на наведената адреса од 08:00 до 16:00 часот.

Општина Дебрца
Адреса: с. Белчишта бб, 6344
До: Ангел Секулоски
e-mail: asekuloski@gmail.com
Тел: +38946286855; +38978236060

5. Заинтересираните Понудувачи бесплатно ќе ја добијат комплетната тендерска документација по поднесувањето на писмена апликација на горенаведената адреса.

6. Понудите мора да се достават на горенаведената адреса до 12:00, пладне на 10/09/2019. Електронско доставување на понуди не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени.