Јавен Оглас: За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
Денес во Министерството за финансии градоначалникот Ногачески свечено го потпиша договорот за грант во рамките на Проектот за подобрување на општинските услуги (МСИП).
Општина Дебрца доби грант средства во износ од 336 320 денари. Средствата се наменети за набавка на нова ИТ опрема, со која ќе се подобри работата и услугите кои ги дава општина Дебрца. Исто така со овој грант се набавуваат преносни компјутер за членовите на Советот на општината, со што значително ќе се намалат трошоците за печатење и достава на материјалите за седниците на советот.
Вечерва во центарот на село Волино се одржа 8-иот Интернационален фолклорен фестивал “Денови на Дебрца 2019”.
На фестивалот учествуваа фолклорни ансамбли од Словачка, Романија , Бугарија и КУД “Дебрца” и КУД “Младост”, Кичево, од Македонија.
Прогласувајќи го фестивалот за отворен градоначалникот Ногачески. изрази топло добредојде на сите учесници, потенцирајќи дека и оваа културна манифестација е уште еден дел од нашите заложби за културна промоција на општина Дебрца.
Претпладнето градоначалникот во кабинетот ги прими претставниците на фолклорните ансамбли од Словачка, Романија и Бугарија и ги запознав со личната карта на општина Дебрца.
Притоа, оствари средба и со градоначалникот на општина Силистеа, Романија, со кого разговаравме за можностите за идна соработка, особено на планот на аплицирањето и имплементацијата на европските проекти, при што од особено значење ќе биде искуството на нашите гости, со оглед на тоа да Романија е членка на ЕУ.
Денеска во просториите на Општина Дебрца во присуство на Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески Раководителот на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – Подрачна единица Охрид Сашо Суклоски и вработените во подрачната единица започнаа со доделување на картичките за мерката ,, зелена нафта,, за земјоделците од подрачјето на општините Охрид и Дебрца.
Со оваа мерка се врши субвенционирање на 30% од трошоците за набавка на гориво. Со тоа се врши значително намалување на производствените трошоци , земјоделците имаат поекономично производство и остваруваат поголеми приходи.Оваа мерка е одговор на децениските проблеми на земјоделците со која се покажува вистинска грижа за земјоделството
Висината на поддршката за оваа мерка е различна во зависност од површината и видот на културата кои се одгледуваат. Најнискиот износ е 500 денари со кој се опфатени мали производители додека највисокиот износ е лимитиран на 100 илјади денари.
Картички за ,,зелена нафта,, ке добијат сите земјоделци кои што имаат поднесено барање за субвенции во текот на 2018 година за мерките од растителното производство односно се производители на полјоделски и градинарски култури како и постоечки овошни и лозови насади. Крајниот рок за искористување на средствата од картичките е април 2020 година
На територијата на општините Охрид и Дебрца картички ке добијат 1024 земјоделци со вкупна вредност од 2.090.000,оо денари.
Картичките земјоделците ке можат да ги подигнат со лична карта во просториите на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство – подрачна единица Охрид секој работен ден во периодот од 07:30 до 15:30 часот.
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 26-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 26–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 19.08.2019 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, во салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот: Д Н Е В Е Н Р Е Д
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Петре Голабоски