Select Page
Делегација на општина Дебрца положи цвеќе на Славеј Планина, по повод денот на АРМ

Делегација на општина Дебрца положи цвеќе на Славеј Планина, по повод денот на АРМ

Денес дрлегација на општина Дебрца, претводена од градоначалникот Зоран Ногачески се поклони пред Споменикот на Славеј Планина, местото каде што пред 76 години беше формиран баталјонот “Мирче Ацев”, првата регуларна воена единица во текот на НОБ, се поклони на вистинското место, каде што треба да се одбележува денешниот празник, Денот на Армијата на Македонија.
Во село Годивје градоначалникот ја посети Спомен собата на баталјонот “Мирче Ацев”.
Нека е вечен споменот на борците од НОБ и на сите борци кои се бореле за национална слобода и самостојна македонска државност.
Честит празник на македонската Армија.

Уважена жалбата од општина Дебрца, против изградба на Регионална депонија

Уважена жалбата од општина Дебрца, против изградба на Регионална депонија

Добиена првата битка во активностите што ги спроведува општината Дебарца против плановите за изградба на регионалната депонија за цврст отпад во атарот на селото Годивје.

Градоначалникот на општина Дебарца, Зоран Ногачески, информира дека е добиено  позитивно решение по жалбата што општината ја поднесе против начинот на кој била донесена Студијата за оцена на влијанието врз животната средина за оспоруваната локација кај Годивје.

Една од многуте наши забелешки на Проектот: “Воспоставување на систем за интегрирано управување со отпад вo Југозападниот плански регион”, со кој се предлага Годивје како локација на регионалната постројка за отпад беше и таа дека Студијата за оцена на влијанието врз животната средина и другата потребна документација од страна на ресорното МЖСПП се донесени во нетранспарентна постапка, без да се земат во предвид мислењета на засегнатите страни и со непочитување на одредбите на Законот за животната средина.
Во таа прилика, поттикнат од активистот на Охрид Сос, Traj Che Talevski – Pandarovski ( за што искрено му благодарам ), поведов правна битка и го обжалив решението со кое министерот за животна средина и просторно планирање ја одобри Студијата.
Деновиве добив одговор по жалбата од Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.
Жалбата СЕ УВАЖУВА, Решението на МЖСПП се поништува и предметот се враќа на повторно разгледување и одлучување.
Она што го тврдевме сега доби и правна потврда од надлежен државен орган.
Борбата продолжува….:

Благодарност од градоначалникот Ногачески до сите кои помогнаа во гаснење на пожарот во Велмеј

Благодарност од градоначалникот Ногачески до сите кои помогнаа во гаснење на пожарот во Велмеј

Пожарот во атарот на село Велмеј е изгаснат.
Сакам да изразам голема благодарност до сите кои активно или на друг начин се вклучија во гаснењето на истиот, а особено до:
– вработените во Национални шуми Охрид, кои сите денови активно дејствуваа на терен,
– вработените во ТППЕ-Охрид, дел од јавните претпријатија во општина Охрид и јавното комунално претпријатие Дебрца,
– месното население и црковниот одбор,
– Дирекцијата за заштита и спасување, која на мое барање на два пати одобри користење на два ер трактори за гаснење од воздух,
– Центарот за управување со кризи и други чинители.
Пожарот остави несакани последици, но добро е што во ниту еден момент не беше загрозен животот на лицата активно вклучени во гаснењето , ниту беше непосредно загрозен животот и имотот на месното население. – кажа во своето обраќање градоналачникор Зоран Ногачески.

Ногачески со честитка по повод Курбан Бајрам

Ногачески со честитка по повод Курбан Бајрам

Честит Курбан Бајрам на сите припадници од исламска вероисповестВо мое име и во име на општина Дебрца, Ви го честитам Курбан Бајрам и Ви пожелувам добро здравје, многу радост и благосостојба.