Jan 26, 2026
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 8-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 8–та седница на Советот на општината Дебрца.Седницата ќе се одржи на ден 30.01.2026 година (петок), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 6-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2025 до 31.12.2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Записникот од извршениот попис на побарувањата, обврските и каса за 2025 година
- Предлог – Одлука за донесување Правилник за критериумите и постапка за доделување еднократна парична помош на физички лица
- Предлог – Одлука за спроведување на постапка за јавно наддавање за издавање под закуп на деловни простории во зградата изградена на КП 2581 КО Велмеј запишана во имотен лист бр. 83136 КО Велмеј, општина Дебрца
- Предлог – Одлука за давање согласност на Програмата за работа и развој за 2026 година на ЈПКД „Дебрца“ Белчишта
- Предлог – Одлука за давање согласност на Инвестициона програма за 2026 година на ЈПКД „Дебрца“ за 2026 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈПКД „Дебрца за период од 01.01.2025 година – 31.03.2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈПКД „Дебрца за период од 01.04.2025 година – 30.06.2025 година
- Предлог – Одлука за давање согласност на Кварталниот извештај за работењето на ЈПКД „Дебрца за период од 01.07.2025 година – 31.09.2025 година
- Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Годишната програма за изградба , реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2025 година
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Jan 26, 2026
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 7-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 7–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 26.01.2026 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за усвојување на Општински енергетски план за 2026 година за општина Дебрца
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Jan 22, 2026
Денес во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските од регионалниот систем за управување со отпад.
На седницата, на која учествуваа сите 18 градоначалници од двата региони во својство на членови на Одборот, како и претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање и меѓународните партнери, беа разгледани клучните активности што ќе го одбележат периодот што следи и ќе го насочат понатамошниот развој на регионалниот систем.
На состанокот беше истакнато дека воспоставувањето на МОУО е резултат на повеќегодишна координирана работа на општините од двата региона, институциите и меѓународните партнери, и претставува важен чекор кон создавање модерен, ефикасен и одржлив систем за управување со отпад.
Во рамки на седницата беше презентирана и новата веб-платформа „Регион без отпад“, која е во изработка, а која ќе служи како централно место за информации, координација и транспарентна комуникација со јавноста, како и за следење на работата на МОУО и напредокот на регионалниот систем.
Посебен акцент беше ставен на планираните активности за првата половина на 2026 година, меѓу кои се изградбата на претоварни станици и набавка на возила и опрема, изработката на новиот Регионален план за управување со отпад, формирање на регионалното комунално претпријатие, зајакнување на комуникацијата со граѓаните, собирање и управување со податоци за отпадот, како и јасно дефинирање на обврските на општините во процесите.
Членовите на Одборот истакнаа дека наредниот период ќе биде клучен за поставување стабилни основи за функционален систем кој ќе обезбеди подобри и поефикасни услуги за граѓаните, поголема заштита на животната средина и зголемена институционална одговорност.
Со оваа седница, МОУО ја потврди својата улога како клучно тело за координација, планирање и надзор на реформите во управувањето со отпад во двата региони, со јасна заложба за транспарентност, соработка и вклучување на јавноста во процесите што следуваат.
Работата на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад е поддржана од проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со општините и националните институции.
Jan 21, 2026
Почитувани сограѓани на Општина Дебрца, сакам да Ве известам дека општината е целосно исчистена од снежната покривка што нè затекна изминатата ноќ.
Уште од 3 часот наутро екипите беа на терен – подготвени, организирани и на нозе, како што доликува.
На осојничавите и критични места е фрлена сол и ризла, за поголема безбедност на патиштата.
Сепак, поради ниските температури, апелирам до сите граѓани да користат зимски гуми и да возат со прилагодена брзина.
Да се чуваме еден со друг – со малку внимание, зимата полесно се минува!
Jan 14, 2026
И Оваа година Василица по традиција беше одбележана во општината Дебрца, најсреќен меѓу нас беше Даниел Паункоски кај кого заврши паричката – знак на среќа, здравје и бериќет.
Со тоа, тој го презеде кумството од поранешниот кум,а од целиот колектив доби пригодни подароци како знак на почит и чест.
Му честитаме од срце и му посакуваме здравје, успех и радост, а кумството да му донесе само убавини.
За многу години Свети Василиј – Василица!“