Nov 30, 2021
Вчера (Понеделник 29.11.2021) се одржа продолжението на првата седница на Советот на Општина Дебрца при која за нов претседател се избра Илчо Алексоски од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. За него гласаа шест советници, додека четири беа воздржани од вкупно единаесет советници.
– Нашата цел е, сите советници заедно да работиме и да ги носиме најдобрите одлуки за нашата општина Дебрца, за да по четири години граѓаните ги преознаат нашите заложби и реализирани проекти, посочи Алексоски во своето обраќање по изборот.
Советот на Општина Дебрца брои вкупно единаесет членови од кои по четири имаат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, еден советник има партијата ЛДП и двајца советници од независните листи.
Nov 22, 2021
Почитувани граѓани,
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2022 година.
Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст.
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2022 година.
Nov 16, 2021
Денес градоначалникот Зоран Ногачески се обрати на консултативната работилница со засегнатите страни по Нацрт-планот за управување со Споменикот на природата Охридското Езеро, која се одржа преку електронската комуникациска платформа ZOOM .
Нацрт-планот за управување е подготвен во рамките на проектот GEF/UNEP STAR 5: „Постигнување на зачувување на биолошката разновидност преку создавање и ефективно управување со заштитените подрачја во планирање за користење на земјиштето“, со експертска поддршка од IUCN ECARO. Целта на работилницата беше да обезбеди пошироко вклучување на засегнатите страни, да добие препораки и коментари за предлогот и да обезбеди добар квалитет и применливост на документот.
Во моето обраќање уште еднаш ја потврдив подготвеноста на општина Дебрца максимално да се вклучи во овој процес, а кое нешто градоначалниците на трите општини неодамна го потврдиме со потпишувањето на заедничка изјава за поддршка на процесот за повторното прогласување на Охридското Езеро за споменик на природатa.
Очекувам дека на крајот ќе имаме добар документ, а уште повеќе очекувам негова имплементација од сите, засегнатите страни и надлежните институции, од причина што се работи за заштита на нешто што е наше, а светско, Охридското Езеро. – потенцираше градоначалникот по состанокот
Nov 15, 2021
Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот Општина Дебрца со седиште во с.Белчишта бб општина Дебрца достави известување за намера за изведување на проектот и утврдување на потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина: Информација за поднесено известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца.
Со проектот се предвидува реставрирање на природното речно корито на река Сатеска со цел да се пренасочи најчесто повторуваниот проток од 15m³/s во нејзиното природно корито што се влева во Црн Дрим, како и заштита и намалување на таложењето на наносот во речното корито со предвидување на антиерозивни мерки и таложник за собирање на наносот.
Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целосното известување за намера за изведување на Проектот: Реставрација на река Сатеска и пренасочување во нејзиното природно речно корито, општина Дебрца може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање, со седиште на Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје. www.moepp.gov.mk
Во прилог спроведената Оцена на еколошкото и социјалното влијание од проектот за обнова на коротото на река Сатеска за пренасочување во нејзиниот природен тек изготвен во согласност со Социјалните и Еколошки стандарди на УНДП (кликнете тука).
Контакт лица:
Инвеститор општина Дебрца, Игор Мартиноски
е-маил: igormartinoski@yahoo.com
тел: 070 667 930
М-р Марјан Михајлов-експерт за ОВЖС/СОЖС
е-маил: m.mihajlov@maneko.com.mk
тел: 076 298 297
Министерство за животна средина и просторнио планирање
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
Билјана Петкоска – Раководител на Сектор за животна средина
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
тел: 076 455 427;
е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk
Nov 11, 2021
Денес, пред Споменикот-Паметник во село Сливово, славна Дебрца со историски час и полагање цвеќе се одбележа уште еден светол датум од нашата историја, 78 години од денот кога на 11 Ноември 1943 година беше формирана Првата македонска-косовска народно ослободителна ударна бригада.
Таа генерација наши претходници избраа да изградат држава – светилиште на слободата, дури и по цена на нивните животи, ја грабна таа историска шанса за да го остварат вековниот сон – своја држава, држава на македонскиот народ и на сите нејзини граѓани .
И затоа, ние денеска им оддаваме должна почит на тие храбри, државотворни луѓе.