Select Page
Илчо Алексоски избран за претседател на советот при општина Дебрца

Илчо Алексоски избран за претседател на советот при општина Дебрца

Вчера (Понеделник 29.11.2021) се одржа продолжението на првата седница на Советот на Општина Дебрца при која за нов претседател се избра Илчо Алексоски од редовите на ВМРО – ДПМНЕ. За него гласаа шест советници, додека четири беа воздржани од вкупно единаесет советници.

 – Нашата цел е, сите советници заедно да работиме и да ги носиме најдобрите одлуки за нашата општина Дебрца, за да по четири години граѓаните ги преознаат нашите заложби и реализирани проекти, посочи Алексоски во своето обраќање по изборот.

Советот на Општина Дебрца брои вкупно единаесет членови од кои по четири имаат ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, еден советник има партијата ЛДП и двајца советници од независните листи.