Select Page
Започна поставувањето на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово

Започна поставувањето на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово

Општина Дебрца, во соработка со ЈПКД-Дебрца, започнаа со поставување на нов водоводен крак во должина од 600 метри во село Сливово. Овој проект има за цел да го подобри снабдувањето со вода за пиење и да го зголеми квалитетот на животот на жителите на ова село. Работите се во тек, а завршувањето на проектот се очекува во најскоро време.

Дефект на главната водоводна мрежа Ф315 на регионалниот цевководот од пумпната станица ,,Св Еразмо”

Дефект на главната водоводна мрежа Ф315 на регионалниот цевководот од пумпната станица ,,Св Еразмо”

Поради дефект на главната водоводна мрежа Ф315 на регионалниот цевковод од пумпната станица,,Св Еразмо”, водоснабдувањето е обезбедено преку бајпас, со цел сите жители да имаат континуирано снабдување со вода. Екипите интензивно работат на санација на дефектот и се очекува брзо решение на проблемот.