Mar 30, 2019
Требеништа е безвременска загатка која обединува. Загатка која за прв пат во својата историја пред нашата и светската јавност се претставува во нејзината блескава целина.
Особено сме горди што Требеништа и се она што тука е пронајдено е наше, а светско.
Денес учениците од Основното училиште “Дебрца” беа посета на ексклузивната изложба “100 години Требениште”, во Археолошкиот музеј, во Скопје.
Општина Дебрца го обезбеди превозот за патувањето.
Mar 30, 2019
На денешната Езерска средба, организирана од Здружението на ветераните во одбраната и безбедноста, огранокот за општините Охрид и Дебрца на градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески му врачија благодарница за успешната соработка и афирмацијата на активностите на здружението.
Благодарам на вниманието. Програмските активности на Здружението секоја година се и ќе бидат преточени и во Годишните програми на општина Дебрца.
Голем дел од нивните активности се имплементираат во славна и слободарска Дебрца и затоа секогаш ќе ја имате мојата и поддршката од советот на општина Дебрца. – изјави Ногачески.

Mar 29, 2019
Почитувани, поради настантите шумски пожари, со цел на превенција и нивно спречување Ве информирме дека Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство воведува забрана за
движење во шума и шумско земјиште од 00:00 до 24:00 часот. Забраната започнува да важи од 29.03.2019 година и ќе трае се до нејзино отповикување.
Mar 29, 2019
Денес градоначалникот Зоран Ногачески даде изјава за емисијата “Патоказ”, која оди во живо на Македонското радио – Радио Скопје, за туристичките потенцијали на општина Дебрца.
Во прилог интегралниот текст од неговото обраќање на Македонското радио:
Нашата заложба, односно визија е општина Дебрца биде посакувана дестинација за рурален туризам, еколошки чиста средина и производство на здрава храна, заштитено културно-историско и природно наследство, подобрена социјална средина, привлечно место за живеење и создавање .
Од Дебрца да создадеме високо рангирана природна, културна и археолошка туристичка дестинација.
Општина Дебрца е природно предиспонирана и има одлични услови за развој на квалитетен туризам, особено за развој на руралниот туризам. Традиционалните и автохтони природни, културни-историски и обичајни вредности на подрачјето на општината: архитектурата, пејзажот, природните реткости, недопрената природа, храната, обичаите, се само некои од потенцијалите кои треба да се искористат за развој на руралниот туризам .
Општината Дебрца е една од врвните оази на културното наследство и природното богатство на Република Македонија и затоа не случајно истата е дел и од заштитеното светско и природното наследство во Охридскиот регион.
За жал, во изминатиот период сите овие потенцијали недоволно се искористени.
Потребен е посериозен пристап кон искористувањето на природните ресурси и потенцијали, кои ќе значат и поголема промоција на општината и секако поголем број на туристи.
И затоа, и во изминатиов период и во иднина особено се залагаме за изнаоѓање можности, потенцијали и преземање мерки за развој, унапредување на селскиот -руралниот туризам, промоција и брендирање на туристичките производи во општината и поттикнување на инвестиции; креирање на електронски туристички портал и печатен промотивен матерјал за туристичкиот потенцијал на општината; брендирање на традиционална кујна; поставување табли за битните туристички локалитети во општината,мапирање и обележување на планинарски патеки, едукација на локалното население за рурален туризам, едукација и стручна помош за изготвување и реализирање на бизнис планови за рурален туризам, креирање на туристички тури и програми за посети на туристите на локалните атракции и соработка со Агенцијата за промоција и подршка на туризмот.
Со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) општина Дебрца склучи Меморандум за соработка, чија основна цел е зедничко преземање на повеќе активности во насока на создавање на туристички производи, базирани на културата, традицијата, историјата и природни богатства. Во контекст на ова, активностите имаат за цел формирање и збогатување на туристичките содржини и промовирање на вкупните туристички потенцијали и туристичка понуда на регионот кој го опфаќа општина Дебрца.
Во преостанатиот дел од изјавата градоначалникот Ногачески ги потенцираше природните убавини, археолошките локалитети, културното и историското наследство, културните манифестации и настани кои се предиспозиција за развој на туризмот во општината, како и проектите кои досега се реализирани или допрва ќе бидат реализирани во функција на зголемување на туристичкиот потенцијал на општина Дебрца.
Mar 25, 2019
Во тек се градежните работи за партерно уредување на дворното место пред амбулантата, во центарот во село Велмеј.
Се уредува просторот каде секоја година се оддржува манифестацијата по повод верскиот празник Василица.
Вкупната вредност на работите изнесува 897.000 денари без ДДВ, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2019 година.

Во оваа фаза, во просторот ќе се вметнат неколку содржини ( бекатон патеки, шанк со комплет санитарии, огниште, клупи од травертин околу огниште, санитарен јазол ).
По завршувањето на овие работи ќе се премине на втората фаза, заградување на просторот. – изјави градоначалникот Зоран Ногачески.