Aug 28, 2021
Почитувани верници од православна вероисповед.
Ви упатувам искрени честитки по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица.
На овој празничен ден да испратиме порака дека како што се воздигнала Богородица и се искачила кај своето чедо Исус Христос, така заедно сите да се воздигнеме во вредностите кои се наше секојдневие – да бидеме добри луѓе, да подадеме рака, да помагаме, да се сакаме, да се почитуваме.
За многу години!
Aug 25, 2021
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014 ,150/2015 и 37/2016), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебрца за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебрца како општа противепидемиска мерка ЈЗУ Центар за јавно здравје Охрид го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебрца дека на ден 27.08.2021 год. (петок ) екипите на Центар за јавно здравје Охрид ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во период од 21.00 до 06.00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување .
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
За сите информации и прашања отворен телефон за контакт во Центар за јавно здравје Охрид е 231 881: 230 231.
Со почит,
Одделение за епидемиолошка дејност
Охрид
25.08.2021 година
Aug 3, 2021
Деновиве сме сведоци на значително зголемени температури, зголемена фреквенција на посетители и зголемена опасност од пожари, а во некои делови од државата и од ширење на веќе активни пожари. На територија на општина Дебрца сме биле сведоци на повеќе пожари од ваков тип
Заради тоа, а со цел заштита на личната безбедност на посетителите и граѓаните, како и заради заштита од горенаведените опасности, општина Дебрца ја информира јавноста за одлуката на Владата за целосна забрана за движење низ шумските подрачја.
Одлуката од страна на Владата стапува на сила од денес, 3 август, а ќе трае до одповикување на истата.
Да покажеме поголема одговорност во заштитата на природата и безбедноста по човековото здравје,
Ви благодариме!
Aug 2, 2021
Денеска го празнуваме денот на Илинденското востание и Крушевската Република од 1903 година, како и вториот Илинден – Првото заседание на Антифашистичкото собрание на Народното ослободување на Македонија во 1944 година.
Илинден е симбол на вечниот стремеж за слобода и за самостојност на македонскиот народ, темел на нашата државност, потврда за нашиот идентитет, нашата историја, јазик и култура и постојан патоказ за нашата иднина.
Дебрца е нераскинливо втемелена и во двата Илиндена.
И во првиот Илинден, со Кузман Капидан, Дејан Војвода, Арбинската битка, 218-те селани протерани на најдолгиот пат до Дијар Бекир и во вториот Илинден, со баталјонот “Мирче Ацев” на Славеј Планина, Првата бригада во село Сливово, првата слободна територија, Манифестот на Асном од Црвена Вода, првиот свештенички собор во село Издеглавје.
Нека ни е честит празникот‼ Нека ни е вековита Македонската Република‼