Select Page
Реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа влегува во завршна фаза

Реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа влегува во завршна фаза

Успешно привршува и последната фаза од реконструкцијата на Задружниот дом во село Требеништа и негова преадаптација во деловен и археолошко -изложбен центар.
Средствата, во износ од 3.500.000 денари се обезбедени од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021-2022 година, а 621.720 денари се учество на општина Дебрца. Проектот се имплементира преку Центарот за рамномерен регионален развој.
Продолжуваме!
Oфицијално отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато

Oфицијално отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато

Денес во Белчишта со пригодна свеченост и официјално беше отворен новиот Изложбен центар на Белчишкото блато.  Новата зграда беше реконстуирана со грант во рамките на пограничниот проект помеѓу Грција и Македонија под работен наслов „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“.
Пред свеченоста градоначалникот Ногачески имаше свое поздравно обраќање каде уште еднаш ја потенцираше важноста и значењето на ваквите погранични проекти, особено ја нагласи благодарноста до Европската унија што овој проект го препозна како еден од најуспешните проекти и даде можност за афирмација на еден од најзачуваните блатни системи во Македонија – Белчишкото блато.
Во овој Проект општина Дебрца е партнер заедно со Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област “Јасен” и Шумарскиот факултет, од македонска  страна и општина Терми и националната организација за земјоделски науки “Деметер” Солун,од грчка страна.
Проектот е финансиран од Европската Комисија, Interreg IPA-Cross Border Cooperation Programme MK GR ( 85 % ) и Министерството за локална самоуправа на РМ ( 15 % ).
Целта на Проектот беше да се обезбеди одржливо управување со заштитените области, екосистемите и биодиверзитетот.
-Со Проектот за општина Дебрца обезбеди вкупно 219.555,79 ЕУР, кои се искористија за повеќе проектни активности, како што се:
-подготовка на оригинални слики и видеа од локална флора во Белчишкото Блато, развој на мобилна андроид апликација и реконструкција на објект во село Белчишта и негова адаптација во изложбен објект / музеј за флората на Белчишкото Блато.
Во својот говор градоначалникот Ногачески посебно го истакна задоволството што и општина Дебрца е партнер во овој проект и дека истиот е во функција на заложбите Дебрца ( во случајов Белчишкото Блато “Сини Вирој” ) да прерасне во атрактивна еко туристичка дестинација.
Ова е прв проект од прекугранична соработка во кој учествува општина Дебрца и преку кој се стекна со нови искуства во процесот на аплицирањето и имплементација на ваков тип на европски проекти.
Градоначалникот Ногачески упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод Курбан Бајрам

Градоначалникот Ногачески упати честитка до граѓаните од муслиманска вероисповед по повод Курбан Бајрам

На сите наши сограѓани, верници од исламска вероисповед, Ви го честитам големиот верски празник – Курбан Бајрам.

Нека празникот Ви донесе многу здравје, радост и мир во Вашите домови и во домовите на Вашите најблиски.

Нека владее добрата мисла и добрите човекови дела, како за празникот, така и во текот на целата година.

.Ваквите вредности се богатство во нашето општество и нивното зачувување е наша обврска

Продолжува континуираната поддршка за спортистите и спортските манифестации

Продолжува континуираната поддршка за спортистите и спортските манифестации

Во моментов најзначајниот спортски настан во општина Дебрца е турнирот во мал фудбал “Петровден 2022”, во село Мешеишта, кој како покровител и оваа година општината го помогна со 60.000 денари.
Општина Дебрца ги помогна и другите одржани спортски манифестации во општината,како :
-меморијалниот турнир во фудбал “Кире Николоски-Камачо” во село Лешани,со 30.000 денари ,
-Меморијалниот натпревар “Мирко Јончески-Мичула”,во село Велмеј, со 15.000 денари.
Согласно Годишната програма за спорт ќе бидат поддржани и други спортски манифестации во текот на 2022 година.
Општината обезбеди финансиска поддршка од 20.000 денари за Анастасија Мојсоска,од Оровник,членка на Стрелачки клуб “Стрелец” Скопје,која со репрезентацијата на Македонија во спортско стрелаштво со воздушна пушка учествува на Медитеранските игри во Алжир.
И во иднина максимално ќе ги помагаме спортските клубови, спортските манифестации и талентираните спортисти од општината.
Завршен настан на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ – Conse PP.

Завршен настан на проектот „Подобрување на заштитата на природните растенија во погранични области“ – Conse PP.

Општина Дебрца, со задоволство Ве поканува да учествувате во Финалниот Настан на проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област – CONSE PP“.

Финалниот настан ќе се одржи на 11 јули 2022 година, со почеток во 10.00 часот, во просториите на Општина Дебрца.

Учесници на финалниот настан ќе бидат и претставници на останатите партнери во проектот, односно од Грција претставници на Институтот за одгледување на растенија и генетски ресурси (ПП1), Општина Терми (ПП2), и од Северна Македонија претставници од Општина Дебрца (ПП3), Јавното претпријатие за управување и заштита на повеќенаменската област – ЈАСЕН, како и Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг Ханс Ем, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје.

Агендата за финалниот настан е во прилог на оваа покана.

 

Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во меѓуграничната област

АГЕНДА ЗА ФИНАЛЕН НАСТАН

Дате: 11 јули 2022 година _ Просторија: Изложбен центар, Општина Дебрца

Време Тема
10.00-10.10 Регистрација на учесници
10.10-10.30 Поздравни говори

Г-дин Зоран Ногачески, Градоначалник на Општина Дебрца

Д-р Елени Малупа, Истражувачки директор и Проектен координатор, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

Г-дин Новица Зечевиќ, Директор на ЈАСЕН

Д-р Кирил Сотировски, Декан, Факултет за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје

Претставник од Општина Терми

Технички секретаријат, Interreg IPA CBC “Greece – Republic of North Macedonia 2014-2020”

10.30-11.45 Проектот Conse-pp

–        Conse-pp: Ex situ конзервација на приоритетните растенија во меѓуграничната област на Грција и Република Северна Македонија  

Д-р Елени Малупа, Истражувачки директор и Проектен координатор, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

 

–        Дефинирање на приоритетните растенија за конзервација во меѓуграничната област на Грција и Република Северна Македонија  – Преглед на собраните ботанички колекции и утврдените закани/ризици

Д-р Никос Кригас, Истражувач, Ботаничар, Институт за одгледување на растенија и генетски ресурси, Грција

 

 

–        Резултати на проектот во Република Северна Македонија

Д-р Ивана Јанеска Стаменковска, Проектен менаџер, Општина Дебрца

 

Ботанички парк во Кардиа

Ана Винга, Проектен менаџер, Општина Терми

11.45-12.00 Кафе пауза
12.00-12.30 Тура низ Изложбениот објект
12.30-13.00 Дискусија и затворање на настанот
13.00 Коктел