Dec 31, 2024
Во село Оровник завршено е монтирањето на централно топловодно греење во училишната зграда.
Монтирана е топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори.
Вкупната вредност на работите изнесува 793.123 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца.
Dec 31, 2024
Во село Ботун завршено е поставувањето на заштитна ограда, односно заградување на училишниот двор, а во еден дел подигнато е и опремено мини детско катче/игралиште.
Вкупната вредност на работите изнесува 335.710 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Dec 27, 2024
На 41-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2025 година и Годишните развојни програми на општината за 2025 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2025 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2025 година е проектиран на износ од 162.500,000 денари од кој 50.824,154 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2025 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 25, 2024
Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година.
Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период.
Од страна на Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца, им се посакува среќна и успешна нова година на сите деца и нивните семејства, како и многу успех, среќа и здравје во текот на 2025 година.
Со оваа иницијатива, Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца продолжува со своите напори за подобрување на условите за живот на своите најмлади жители и поддршка на образовниот процес во локалната заедница.
Dec 25, 2024
Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунална дејност (ЈПКД) Дебрца ја информираат јавноста дека официјално е завршена акцијата за чистење и проодност на територијата на општината, вклучувајќи ги сите највисоки и најтешко достапни подрачја, како што се местата Турие и Мраморец.
Тимовите на Општината и ЈПКД-Дебрца, со цел да се осигура непречено движење и сигурност на жителите, успешно ја завршија операцијата за расчистување на снегот и обезбедување на проодност на патиштата. Во оваа акција вклучени се и најтешко достапните региони, кои поради високите снежни наноси беа блокирани.
Општината и ЈПКД – Дебрца продолжуваат со постојаното следење на состојбата и ќе ги преземат сите потребни мерки за одржување на патната инфраструктура во секој момент.
Сите граѓани се повикуваат да ја почитуваат патната сигнализација и препораките за безбедност во овие зимски услови.
Со Почит
Општина Дебрца и ЈКП Дебрца