Dec 24, 2024
Пред крајот на годината може да се сумира дека општина Дебрца во најголемиот дел ја реализира годишната програма за општински патишта и улици за 2024 година.
Беа асфалтирани улици во повеќе населени места и тоа:
- Село Песочани- главната улица во должина од 1,1 км ,
- Село Лактиње-селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,
- Село Велмеј-улица во должина од 110 метри и рехабилитација на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,
- Село Волино-улица во должина од 280 метри,
- Село Оздолени-улицата од сретсело до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,
- Село Слатино-две улички во должина од 130 метри.
Средствата за овие активности се обезбедија од Буџетот на општината.
- Деновиве започнаа подготвителните работи за реконструкција на патот село Злести-село Белчишта,во должина од 1.4 км,а за кој средствата се обезбедени од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините.
Dec 24, 2024
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2025 година, број 01-1409/9 , од 27.11.2024 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи за 2025 година
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 2 општи работници ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2025 година, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).
2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 1000 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , до 30.12.2024 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
Прилог :
ПРИЈАВА
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески
Dec 23, 2024
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 41-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 41–та седница на Советот на општината Дебрца.
Седницата ќе се одржи на ден 27.12.2024 година (петок) , со почеток во 10.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 40-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Годишна Програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Програма за одржување на јавната чистота на подрачјето на општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Годишна Програма за развој на локалната инфраструктура и комуналните услуги во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Буџет на ЕЛС Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на општина Дебрца за 2025 година
- Предлог – Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на државните службеници за 2025 година
- Предлог – Одлука за предавање во сопственост на движни ствари – пластични канти за комунален отпад
Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседавач,
Крсте Јорданоски
Dec 19, 2024
Екипата на ЖФК Билјанини извори и оваа година учествуваше на меѓународниот турнир на пријателство во женски фудбал, во градот Плевља, Црна Гора.
Општина Дебрца редовно ги поддржува младите фудбалерки и оваа година го обезбедивме превозот на екипата до Црна Гора.
Особено не радува моментот од сликите на кои младите фудбалерки покрај македонското знаме во Плевља го развеаа и знамето на општина Дебрца.

Браво девојки!
Dec 12, 2024
Продолжуваат Активностите на Општина Дебрца и ЈПКД – Дебрца,за уредување на селата во општината, односно со ангажирање на работници од јавното претпријатие и лицата ангажирани од општината преку програмата за јавни работи во населените места во општината започнавме со реализација на активности за одржување на јавната чистота и чистење од отпад на јавните површини.
Активности продолжија и во селата Требеништа Мешеишта, Климешатни и Злести.
Со програмата за јавна чистота етапно ќе бидат опфатени сите населени места во Дебрца во наредниод период продолжуваме и во остатокот од селата.