Select Page
Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта на територијата на Општина Дебрца

Спроведена aктивноста ,,Пакетче за секое дете” во сите училишта на територијата на Општина Дебрца

Општина Дебрца и Јавнотo претпријатие за комунални дејности (ЈПКД) Дебрца, успешно ја спроведоа активноста под наслов „Пакетче за секое дете“. Во сите училишта на територијата на Општина Дебрца, учениците добија пакетчиња, кои им беа поделени како подароци во пресрет на Новата 2025 година.

Вкупно 180 деца беа вклучени во оваа активност, а пакетчињата се поделени со цел да се донесе радост и насмевка на децата во овој празничен период.

Од страна на Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца, им се посакува среќна и успешна нова година на сите деца и нивните семејства, како и многу успех, среќа и здравје во текот на 2025 година.

Со оваа иницијатива, Општина Дебрца и ЈПКД Дебрца продолжува со своите напори за подобрување на условите за живот на своите најмлади жители и поддршка на образовниот процес во локалната заедница.

Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Проодни сите локални патишта во Општина Дебрца

Општина Дебрца и Јавното претпријатие за комунална дејност (ЈПКД) Дебрца ја информираат јавноста дека официјално е завршена акцијата за чистење и проодност на територијата на општината, вклучувајќи ги сите највисоки и најтешко достапни подрачја, како што се местата Турие и Мраморец.

Тимовите на Општината и ЈПКД-Дебрца, со цел да се осигура непречено движење и сигурност на жителите, успешно ја завршија операцијата за расчистување на снегот и обезбедување на проодност на патиштата. Во оваа акција вклучени се и најтешко достапните региони, кои поради високите снежни наноси беа блокирани.

Општината и ЈПКД – Дебрца продолжуваат со постојаното следење на состојбата и ќе ги преземат сите потребни мерки за одржување на патната инфраструктура во секој момент.

Сите граѓани се повикуваат да ја почитуваат патната сигнализација и препораките за безбедност во овие зимски услови.

 

Со Почит

Општина Дебрца и ЈКП Дебрца