Select Page
ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР)  за под-проектот „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“, Општина Дебрца

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и јавна расправа План за управување со животна средина и социјални работи (ПУЖССР) за под-проектот „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“, Општина Дебрца

Во рамки на “Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор во РСМ” кој се реализира од страна на Единицата за спроведување на проектот при Министерството за финансии со финансиска поддршка од Светска Банка, Општина Дебрца аплицираше со под-проект за „Енергетска ефикасност за улично осветлување за општина Дебрца“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални работи изготвена врз основа на барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за намалување на влијанијата врз животната средина и социјалните работи” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните работи кои ќе произлезат од планираните активности на под-проектот. Овој документ е поставен за јавен увид на официјалните веб страници на:

Министерството за финансии (Под-проекти за енергетска ефикасност во единиците на локална самоуправа – finance.gov.mk) и на:

Општина Дебрца:  www.debrca.gov.mk

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 30 дена од поставување на документот на веб страна, преку пополнување на формуларот кој е достапен на веб страната на општина Дебрца

Во текот на периодот наменет за јавни консултации за ПУЖССР, ќе се одржи и јавна расправа за документот, на 10.07.2023 (понеделник) со почеток во 12.00 часот во просториите на општина Дебрца, со следниот дневен ред:

  1. Воведен збор на Градоначалникот на општина Дебрца и намерата за задолжување – 15 минути
  2. Краток осврт на документ “План за управување со животната средина и со социјалните аспекти за проектот” (Катарина Георгиевска, Консултант за животна средина) – 15 минути
  3. Дискусија.

 

Формулар за поднесување коментари за ПУЖССР на подпроекти на општините

ПУЖССР – Контролна листа – за подпроект за улично осветлување – општина Дебрца

Известување-и-Дневен-ред-за-јавни-консултации-на-ПУЖССР-подпроект-општина-Дебрца

Датум на објава: 30.06.2023

Министерство за финансии

Единица за спроведување на проектот и

Општина Дебрца

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури

Јавен повик за пријавување на штети на земјоделските култури

Општина Дебрца ги повикува граѓаните кои имаат материјални штети на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината на ден 24 Јуни 2023 година да ја пријават штетата на своите земјоделски култури до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.

Барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на општина Дебрца или да се преземе  од веб страната на www.debrca.gov.mk   и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на општина Дебрца.

Покрај барањето секој барател треба да достави:

  • копие од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот;
  • доказ за основ на користење на земјиштето за насадите ( копие од имотен лист или копие од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ или копие од договор за закуп ).

Пријавувањето на штетите може да се изврши најдоцна до 07.07.2023 година.

За сите дополнителни информации  може да се обратите на тел. 046 286 855

ПРИЈАВА

ИЗЈАВА

ОПШТИНА ДЕБРЦА

Комисија за проценка на штети

 

IN MEMORIAM

IN MEMORIAM

Со тага и неверување ја примивме денешната вест за смртта на Љубен Стојкоски, долгогодишен секретар на општина Дебрца.

Роден 1957 година живееше во село Белчишта, Општина Дебрца,Образование- Дипломиран Правник.

Од 1997 година до 2005 година ја извршуваше функцијата Секретар на Советот на Општина Белчишта, од 2005 година до 2013 година ја извршуваше функцијата Секретар на Општина Дебрца и од 2017 до 2022 година  ја извршуваше функцијата Секретар на Општина Дебрца.

Нема зборови за овој момент на тага  кои може да се искажат, само најдобрите спомени и дела за Вас вечно ќе останат да се паметат.

Во име на Градоначалникот  и во име на вработените на општина Дебрца до семејството испраќаме изрази на најдлабоко сочуство.

Нашето сочувство и молитви нека Ви донесат утеха и нека Ви ја олеснат болката поради оваа загуба.

Тешко да се поверува дека тој повеќе не е со нас, но запомнете дека она што го одржуваме живо во нашите срца и во нашите спомени и делата кои ги остави зад себе за Општина Дебрца никогаш нема да почине.

Нека Ти е вечна слава.

Свечено доделени свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование во ООУ,,Дебрца”

Свечено доделени свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование во ООУ,,Дебрца”

Денес во ООУ „Дебрца“ се одржа свечено предавање  на свидетелствата на учениците од IX одделение за завршено основно образование на кој присуствуваше Градоначалникот Зоран Ногачески во своето обраќање на  сите полуматуранти  им го честита  завршувањето на основното образование и им посака многу успех во понатамошното образование.

На настанот, на учениците  Бисера Огненоска во име на општина Дебрца, и е доделена плакета за првенец на генерација, а на учениците Теона Лошкоска, Анабела Нелоска, Виктор Мијакоски и Христијан Ецкоски плакети за ученици на генерација, односно пофалени ученици.

На првенецот на генерација и на пофалените ученици општината доделува и парични награди.

Оваа година за првпат општината и на сите полуматуранти ќе им додели еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари.

Парични награди ќе им бидат доделени и на сите ученици кои учествуваа и остварија посебни резултати на општинските, регионалните и државните натпревари.

Како општина остануваме посветени на поддршката на сите ученици, а посебно на учениците кои покажале одлични и особени резултати во образовниот процес.

 

 

Реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово

Реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово

Деновиве интензивно се работи на решавање на уште еден проблем во врска со водоснабдувањето во општината, проектот за реконструкција и санација на каптажата и дел од водоводната мрежа во село Сливово.

Се извршува целосна реконструкција на каптажата и поставување на HDPE водоводно црево фи 63, во должина од 400 метри.

Вкупната вредност на работите изнесува 468.608 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општина Дебрца за 2023 година.

 

Следна активност е изградба на нов водоводен крак, во должина од 1 км, во село Арбиново.