Jun 14, 2023
Ставена е во функција пумпната станица ” Св.Еразмо”.
Со демонтажа на постоечките метални водоводни цевки ф315 мм и замена со полиетиленска HDPE цевка ф315 PN 16 во должина од 180м како и замена на фасонските елементи кои се составен дел од овој водводен систем, решена е една од најкритичните точки од водоводниот систем, на потегот каде што поради застареност и корозираност на цевките се појавуваа многу чести дефекти и испади на целиот водоводен систем од “Св.Еразмо.”
Вкупната вредност на работите изнесува 3.782.826 денари, средства обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 14, 2023
Преку Програмата за инвестирање во животната средина за 2023 година, а по аплициран проект до Министерството за животна средина и просторно планирање обезбедени се 2.000.000 денари за доизградба на канализациониот систем во село Волино /изградба на пумпната станица број 3 ,со што целосно ќе биде завршена изградбата на овој систем.
Во наредниот период ќе се пристапи кон објавување на тендерската постапка со што ќе се имплементира проектот.
Jun 8, 2023
Во село Лактиње се завршени градежните активности за регулација на дел од главниот канал за наводнување, во централниот дел на селото.
Во должина од 110 метри каналот е уреден со коругирани одводни цевки фи 250, а во должина од 22 метри отворен и бетониран, покриен со метални решетки.
Вкупната вредност на работите изнесува 313.054 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината за 2023 година.
Jun 6, 2023
Почитувани земјоделци,
Ве информираме дека во тек е поднесувањето на барањата за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023.
Апликациите може да се поднесат електронски преку порталот https://e-subvencii.ipardpa.gov.mk или директно во канцеларијата на МЗШВ подрачна единица Охрид
Земјоделците ги потсетуваме дека рокот за електронското аплицирање е отворен до 30 јуни.
За повеќе информации за директни плаќања по програмата за финансиска поддршка во земјоделството 2023 може да добиете дирекно во канцеларијата на МЗШВ подрачна единица Охрид
Jun 5, 2023
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2023 година, број 01-2222/13 , од 14.11.2022 година и број 01-85/8 , од 08.02.2023 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 1 општ работник ( ракувач со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2023 година, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).
2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 850 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае пет дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , односно до 09.06.2023 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
Пријава
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески