ЕВРОИНТЕГРАЦИИ И ЛЕР
Пристигна противпожарното возило ,донација за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија, а кое ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца.” Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески изразува особена благодарност до донаторот,Противпожарната бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија и до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот несебичен […]
Во село Требеништа завршен неасфалтираниот дел од патот до чешмата кај “Св.Мартинија”,во должина од околу 320 метри. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во текот на вчерашниот ден превзеде две противпожарни возила заедно со братското волонтерско здружение ДПД Ентузијаст Дебрца/Volunteer fire association Enthusiast Debrca . Ентузијаст прераснува во сериозна волонтерска организација во југозападниот регион на Македонија На свечената церемонија организирана во Тирол, Ентузијаст прими вредна донација од две противпожарни возила и со […]
Во Општина Дебрца се одржа работилница во рамки на проектот EcoFire Youth Ambassadors, реализирана во партнерство со Доброволните противпожарни организации од Охрид и Дебрца и со активно учество на локални чинители. Проектот е финансиран преку Landscape Fire Management in the Western Balkans Programme (LFMWB), имплементиран од Farmahem, а негов носител е Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ […]
За почетокот на новата учебна 2025/2026 година –Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием за 20 те првачиња од ООУ Дебрца. Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари. Пред првачињата […]
Започнавме со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година. Завршена е: Рехабилитација /нов асфалтен слој на улица во село Оровник,улицата која поминува кај црквата “Св.Спас” и се поврзува со новиот пристапен пат до клучка Аеродром “Св.апостол Павле”,должина 420 метри,вредност 1.589.280 денари, Рехабилитација на улица во […]
Во тек се активностите за уредување на просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани. Ќе бидат поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, 3 канделабри, пет клупи,садници. Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
На последната седница советот на општина Дебрца донесе одлука за прифаќање на донација на половно противпожарно возило за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија. Оваа Одлука следува по средбата, која во месец Мај Градоначалникот Зоран Ногачески заедно со претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија со стручна делегација од областа на противпожарната […]
Во двата мои градоначалнички мандати една од основните заложби ни беше подобрување на инфраструктурата во и до верските објекти и создавање на услови за развој на верскиот туризам,за кој Дебрца е предодредена,поради големиот број на верски објекти,од кои некои се постари и со извонредно историско значење /црквата “Св.Ѓорѓија” во Врбјани,”Св.Јован”, во Слатино, “Сите Светии”, во […]
По поднесените проектни апликации за инфраструктурни проекти од страна на општина Дебрца Владата со одлуката за користење на средства за капитални дотации до единиците на локалната самоуправа за инфраструктурни проекти од областа на транспортот за 2025 година,за имплементација ги одобри следните инфраструктурни проекти: Реконструкција на локален пат село Мешеишта-село Волино,проектна вредност 15.463.596 денари, Реконструкција на […]
На јавниот повик за доделување на средства за намалување на диспаритетите меѓу и во рамки на планските региони и зголемување на регионалната конкурентност за 2025 година,објавен од Министерството за локална самоуправа општина Дебрца преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион аплицираше за набавка на опрема за чистење на канализациони системи. Со одлука на Владата […]
Во изминатите два дена 39 земјоделци и граѓани од општина Дебрца, меѓу кои и градоначалникот на општината по четврти пат беа во организирана посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. Општина Дебрца ги покри трошоците за автобускиот превоз […]
Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија. На […]
Општина Дебрца организира дводневна посета на 92-от Меѓународен земјоделски саем “Нови Сад 2025”, Република Србија, кој ќе се одржи од 17-22 Мај 2025 година. Меѓународниот земјоделски саем во Нови Сад е најголемиот саемски настан во Србија и еден од најголемите во Европа во областа на земјоделството. На него се претставуваат најзначајните компании во агроиндустријата, земјоделското […]
Со оглед на тоа да стариот резервоар за водоснабдување на село Мешеишта е во лоша состојба и со големи загуби на вода ,започна проект за ставање во употреба на резервоарот изграден во 1998 година и кој до денес не беше ставен во употреба,бидејќи е изграден на повисока висинска кота и постои опасност зголемениот притисок да […]
Стотина вљубеници на планинскиот велосипедизам, од цела Македонија ја одржаа Четвртата велосипедска тура во Дебрца, која годинава во организација на Здружението за планински велосипедизам Rupicapra MTB Adventure team се вози од село Лактиње до Славеј Планина. Градоначалникот Зоран Ногачески Поздравувајќи ги учесниците на планинска велосипедска тура, посебно истакна дека општина Дебрца располага со доста неоткриени […]
Во пресрет на второто издание на Турнирот во мал фудбал “Св.Никола Требеништа 2025” ги подобруваме условите за сите посетители на оваа спортска манифестација,односно на источната страна од балон салата изградена е триредна трибина,во должина од 36 метри. Вкупната вредност на работите изнесува 1.121.180 денари,а средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца за 2025 година. […]
Врз основа на член 5 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на општина Дебрца за субвенционирање на физички лица за купен велосипед во 2025 година, број 01-382/1, од 14.03.2025 година и Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2025 година ( „Службен гласник на […]
Имавме чест да ги пречекаме заменик амбасадорот Јан Аксел Фос и претставници на Амбасадата на СР Германија кои ја посетија општина Дебрца во рамки на завршната контрола и примопредавањето на проектот „Патеки на откривање“, финансиран од амбасадата преку програмата Мали проекти. Проектот ,,Патеки на откривање” е имплементиран од страна на здружението за планински велосипедизам Рупикапра […]
Општина Дебрца во соработка со Rupicapra MTB Adventure team започна со подготовка за одржување на Вело настан на падините на Славеј Планина на 13-Април 2025 година со почеток во 10:00 часот старт село Лактиње, љубителите на велосипедизмот и планините ќе имаат можност да ја разгледаат убавината на Славеј Планина и селата во нејзините падини. Настанот […]
Деновиве во едукативна посета на Белчишко Блато и центарот за посетители на Белчишкото Блато во село Белчишта, посетители ни беа гостите од од Турција во рамките на Еразмус програмата каде им беа презентирани дел од етнолошкото и природното богатство на општина Дебрца.Посетата беше организирана од страна на здружението ,,Екотуризам “ од Охрид во соработка со […]
Со задоволство ја објавуваме нашата поддршка за кампањата „Општина на дланка“, иницијатива која има за цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста во локалната самоуправа преку подобрена употреба на општинските веб-страници. Кампањата е подготвена од Проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите во соработка со Министерството за локална самоуправа. Нашата општина […]
По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари. ОРОВНИК Реконструкција и […]
Известување за достапност на документ Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот „Рехабилитација на локална улица во н.м. Волино во општина Дебрца“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира […]
Во текот на Вчерашниот ден во посета на Општина Дебрца беа учесниците во Еразмус проектот наречен Fast Forward, каде што особен акцент се става на целите на одржливоста и климатските промени. Учесниците беа од повеќе земји како: Македонија, Албанија,Косово, Босна и Шпанија. Учеснците беа во посета на Белчишкото блато (Сини Вирој), Општина Дебрца и Изложбениот […]
Во училишната зграда во село Оровник во тек е монтирање на централно топловодно греење. Ќе биде монтирана топлинска пумпа 34 kW и 21 челични панелни радијатори. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година, Програма за основно образование, средства од сметката на ООУ Дебрца. Претходно со топловодно греење беа обезбедени училиштата во село […]
Вчера во Владата Градоначалникот Зоран Ногачески присуствуваше на склучување на договор за користење на финансиски средства од Програмата на Владата за финансирање на инфраструктурни проекти во општините. Во рамките на Јавниот повик на Владата општина Дебрца аплицираше со проектот за реконструкција на општинскиот пат село Злести- село Белчишта / делница 2 /,во должина од 1400 […]
Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка. Изложбениот центар е дел од проектот “Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција,со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и […]
Општина Дебрца и Екотуризам 2016 Охрид работеа долги години на истражување и валоризација на Белчишкото Блато. После долги години труд и посветено работење, чест и задоволство ни е да Ви го испрезентираме сработеното. По тој повод, Ве покануваме на свечено отворање на Изложбениот центар за Белчишко Блато. Отворањето ќе се одржи на 17.10.2024 г. (четврток) во […]
Со поставувањето на командната табла денес во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта, а со цел да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија. Инвестирани се 771.040 денари,обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година.
Во село Лактиње завршена е реконструкцијата-поставување на нов асфалтен слој во центарот на селото, во површина од околу 1140 м2. На активностите му предходеше отсранување на стариот оштетен асфалтен слој, поставување и припрема на теренот со нанесување на тампон набивање и валирање на теренот и поставување на асфалтен слој. Исто така извршена е санација со […]
Општина Дебрца и Здружението за екологија и туризам ,,Екотуризам 2016” активно работи на опремување на Изложбениот центар за еко туризам – Центар на Белчишкото Блато/Сини Вирој со седиште во село Белчишта . Наскоро се очекува вратите на центарот да бидат отворени за сите посетители кои ќе го почуствуваат спојот на природата и минатото на територија […]
Во изминатиот период завршено е тампонирањето на повеќе пристапни и полски патишта и улички во општина Дебрца и тоа: Во село Врбјани тампонирани се две улички, во должина од околу 120 метри. Тампониран е патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу […]
Проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија е во завршна фаза на своите активности. Со проектот општина Дебрца доби обележани велосипедски патеки кои претставуваат вистинска адреналинска можност за љубителите на планинскиот велосипедизам. Општината ги подобрува условите, […]
Со реконструкцијата се изврши промена на кровот,промена на старата дрвена дограма со нова ПВЦ дограма, изградба на санитарни чворови, промена на електрична и водоводна инсталација,поставување на ново осветлување во објектот, целосно уредување на внатрешните простории и подови. Вкупната вредност на работите изнесуваше 2.022.225 денари, кои се обезбедија од Буџетот на општината за 2024 година.
Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза. Во оваа фаза се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености други настани. Се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,се поставуваат нови врати и молерисување на административните простории,ИТ инсталацијата, како и фасадата од […]
Деновиве се извршени зафати во пумпната станица за водоснабдување на село Мешеишта,чија цел е да се обезбеди поекономично водоснабдување и помали трошоци за електрична енергија. Монтирани се нова вертикална центрифугална пумпа и командна табла,кои по извршено тестирање се очекува да бидат ставени во функција. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2024 година. […]
Со проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија деновиве се изврши мапирање на велосипедски патеки во Општина Дебрца, со кој се овозможува на љубителите на планинскиот велосипедизам и љубители на планинарење по падините на планините во […]
Во тек е имплементација на проектот ,,Патеки на откривање” кој го спроведува здружението за планински велосипедизам Рупикапра МТБ со поддршка на општина Дебрца,а проектот е целосно финансиран од Амбасадата на Сојузна Република Германија. Целта на проектот е развивање на одрлжлив еко-туризам и унапредување и заштита на животната средина.Со овој проект ќе се овозможи маркација и […]
Вчера во посетта на општина Дебрца гостин беше Г дин Пали Колефски,градоначалник на Општина Пустец (Албанија). Во рамки на средбата е разговарано за актуелната состојба во двете локални самоуправи, како и за секојдневните предизвици со кои се соочуваме како единици на локалната самоуправа. Притоа, се разменија позитивни искуства во остварувањето на надлежностите, во насока на […]
Во село Злести завршен е проектот за уредување на дел од централното селско подрачје. На местото од руината на дел од селскиот дом изграден е модерен мултифункционален спортски полигон. Извршена е санација на споменикот во центарот на селото. Вкупната вредност на работите изнесуваше 3.998.672 денари,од кои 2.500.000 ги обезбеди Бирото за регионален развој,Програма за развој […]
ИЗМЕНА Бр. 1 на ПОВИК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИ (ППП) – Градежни работи за Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007/2-24 Издадена на ден: 10 Јуни 2024 До сите потенцијални понудувачи и до сите фирми што го имаат преземено тендерскиот документ Почитувани, Во врска со […]
Продолжуваме или започнуваме со годинешните планирани проекти,кои поради изборните правила беа во мирување или не можеа да започнат. Деновиве продолживме или ќе започнеме со проектите,за кои се завршени постапките за јавни набавки. Дел од нив се: Изградба на спортско игралиште и уредување на просторот кај споменикот во село Злести /проектот е во завршна фаза, Реконструкција […]
Повик за поднесување на понуди (ППП) Градежни работи Држава: Република Северна Македонија Назив на проект:Проект за енергетска ефикасност во јавниот сектор Назив на договор: Реконструкција на уличното осветлување со енергетски ефикасни ЛЕД светилки во Општина Дебрца. Заем бр.: 9038-МК Идентификациски бр. на ППП:MK-MOF-CW-NCB-007/2-24 Република Северна Македонија обезбеди заем од Интернационалната банка за обнова […]
Деновиве завршија градежните активности за изградба на пристапниот пат кој ја поврзува манастирската црква “Св.Недела”, во Требеништа со локалниот пат, односно се изврши тампонирање и асфалтирање на потегот од поштата до манастирската црква “Св.Недела”
Денес се одржа работилница за изработка на првиот Интегриран локален развоен план (ИЛРП) на Општина Дебрца. На работилницата е утврдено дека општина Дебрца е специфична општина, со 30 населени рурални места, со огромен потенцијал за развој на (еко) туризам. На работилницата, покрај претставниците од Локалниот развоен тим од Општина Дебрца, учествуваа претставници од локалните училишта, […]
Се привршува еден од најголемите проекти во општина Дебрца во делот на патната инфраструктура, реконструкција на улица и плоштадот во село Волино. Проектот е финансиран преку проектната единица на Министерството за транспорт и врски, по поднесена апликација од општината, со средства обезбедени преку Светска банка. Дополнително, ЕВН инвестираше за каблирање на електро дистрибутивната мрежа, а […]
Општина Дебрца го усвои Локалниот акциски план за управување со отпад, документ со кој ќе овозможиме континуирано стратешко планирање за управување со отпадот на локално ниво, како и заштита на животната средина и на природните убавини и реткости во Општината. Целта на Локалниот акциски план за управување со отпад е да обезбеди податоци за тоа […]