Ја информираме јавноста дека е во тек постапка за донесување на закон и официјално прогласување на Белчишко Блато (Сини Вирој) за заштитено подрачје во категорија IV- Парк на природата.
Овој значаен природен локалитет претставува едно од ретките зачувани блатни подрачја во државата, со богата биолошка разновидност, специфичен екосистем и големо значење за заштита на птици, растителни видови и водни живеалишта. Со прогласувањето за парк на природата ќе се обезбеди долгорочна заштита, унапредување и одржливо управување со просторот, во интерес на сегашните и идните генерации.
Постапката се спроведува во согласност со важечките законски прописи, при што ќе бидат вклучени релевантни институции, стручна јавност и локалната заедница. Целта е да се воспостави јасна рамка за заштита, контрола на активности и поттикнување на еколошки одржлив туризам.

Со овој чекор се прави значаен придонес кон зачувување на природното наследство и унапредување на еколошката свест.
Во постапката поврзана со изработка на предлог Законот се предвидени следните активности:
Јавно известување кое се објавува на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање (www.moepp.gov.mk) и на ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи на РСМ Македонија http: //www.ener.gov.mk
Рокот за јавни консултации со засегнатите страни и граѓаните на Република Северна Македонија за доставување на коментари, мислења и предлози трае 20 дена од денот на објавувањето на содржината на предлог на законот на веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи.
Во текот на постапката може да бидат организирани директни консултации и состаноци со засегнатите страни како и јавна расправа доколку е потребно.
Вашите забелешки, мислења и предлози за предлог текстот на Законот може да ги доставите електронски на следниот e-mail:
Билјана Тешева Ѓорѓиевска: b.tesheva@moepp.gov.mk,
Влатко Трпески: v.trpeski@moepp.gov.mk и
Кузман Куновски: k.kunovski@moepp.gov.mk .

Воедно, забелешките, мислењата и предлозите по предлог текстот на Законот може да се дадат и на веб порталот ЕНЕР (http: //www.ener.gov.mk/).
Учеството на јавноста е од особено значење за обезбедување квалитетна и одржлива заштита на Белчишко Блато, која ќе ги земе предвид природните вредности, но и интересите на локалното население.
Министерството ги охрабрува сите засегнати страни да се вклучат и да придонесат кон заедничка цел – зачувување на природното наследство за сегашните и идните генерации.

