Oct 26, 2022
На денешниот завршен, свечен настан беа презентирани сработените активности од проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“ .
Проектот во изминатите три години го реализираше Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца и Грамш од Албанија и Алпинистичкиот клуб Патагонија Охрид, а е финансиран од Европската Унија, Програма за прекугранична соработка Македонија-Албанија и Министерството за локална самоуправа.
Општина Дебрца беше еден од партнерите во проектот со кој доби современ, планинарски дом со 20 легла, опрема за делување во зимски услови и сигурност на посетителите со формирањето на Планинската спасителна служба за регионот.
Градоначалникот Ногачески во свето пригодно обраќање уште еднаш потенцира дека проектот е значаен од аспект на тоа што е во целосна корелација со визијата Дебрца да прерасне во извонредна туристичка природна дестинација, затоа што Дебрца со своето природно богатство, која е дел од светското природно наследство, со сите планински масиви кои ги поседува е природно предодредена за развој на зимскиот авантуристички туризам. Токму затоа сите реализирани активности во рамките на проектот беа во таа насока.
Кога зборуваме за развој на зимскиот авантуристичкиот туризам, треба да се има услови за развој и на безбеден туризам. Во наредниот период сите ние општините од овој регион треба да ги поддржиме сите активности на ПСС и тој Меморандум за соработка кој го потпишавме не треба да остане само на хартија, туку треба да го преточиме во практика.
👉а нас проектот покрај конкретни бенефити, индирекно придонесе и за јакнење на нашите капацитети во процесот од апликација до реализација на проектите од прекуграничната соработка.
Уште еднаш ја изразив големата благодарност до Делегацијата на ЕУ и Министерството за локална самоуправа кои ги обезбедија финансиските средства за имплементација на проектот, како и до сите партнери со кои заедно ги реализиравме проектните активности.
Oct 25, 2022
Во Тирана, преставници од
Општина Дебрца присуствуваат на дводневната 9-та Конференција на засегнати страни во рамки на Дримскиот базен. Темата на оваа конференција е “Меморандум на разбирање
за управување со Проширениот прекуграничен Дримски басен.” Конференцијата ќе обезбеди платформа за:
– засегнатите страни да се информираат – и да дадат инпут – за случувањата во врска со
имплементација на Дримскиот меморандум и Дримската САПа, заедно со можностите што тие ги создадоа за
иднината, да се зајакне соработката и влијателната акција кон одржливи природни ресурси
управување.
– подигање на свеста и добивање придонес за прашања кои се важни за жителите и екосистемите во
Дримскиот басен.
Ставовите на учесниците од Дримскиот басен во однос на потребите и можностите за кооперативна и одржлива
иднината за Дримскиот басен ќе се одрази на овој настан
Oct 19, 2022
Почитувани,
Со особена чест и задоволство, Ве покануваме да присуствувате на свечен настан по повод завршувањето на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за Локална самоуправа на Република Северна Македонија.
Проектот е реализиран од страна на Црвен крст Охрид, во партнерство со општините Дебрца, РСМ и Грамш, Албанија и Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА Охрид. Во текот на три годишната имплементација се реализираа бројни инфраструктурни активности за развој на авантуристичкиот туризам, како и активности за подобрување на капацитетите на тимовите за спасување во прекуграничниот регион. Настанот ќе се одржи во просториите на Оперативниот Центар на Планинската спасителна служба во Охрид, ул. Кленоец бр 2А, со почеток од 12:00 ч, на 26 Октомври, 2022 година.
Поради подобра организација на настанот, Ве молиме да го потврдите Вашето присуство и бројот на претставници од Вашата организација/институција, најдоцна до 15:00 часот, во петок 21.10.2022 година, на e-mail: ohrid.ipa2cbc@gmail.com Во очекување на Вашето ценето присуство,
АГЕНДА
Време
11:30 – 12:00 Пристигнување
Поздравни говори
12:00 Г-дин Сашо Точков, Претседател на Црвен крст Охрид
12:05 Г-ѓа Мариа Канелопулу, Прв Советник, Раководител на сектор за
економски прашања, градење институции, прекугранична соработка
12:15 Претставник од Министерството за локална самоуправа на РСМ
12:20 Претставник од Државната агенција за стратешко планирање и
придружна координација од Албанија
12:25 Г-дин Кирил Пецаков, Градоначалник на Општина Охрид, РСМ
12:30 Г-дин Зоран Ногачески, Градоначалник на општина Дебрца, РСМ
12:35 Г-дин Клодијан Таче, Градоначалник на општина Грамш, Албанија
Изјави за медиуми
12:50 – 13:20 Презентација на проектните резултати
Антонио Додевски, Раководител на проект
13:30 Коктел
Со почит,
Проектен тим
Oct 14, 2022
Општина Дебрца заедно со уште девет други општини е вклучена во втората фаза на програмата „Зајакнување на општинските совети“, откако беа избрани преку јавен повик за учество на кој аплицираа 30-ина единици на локалната самоуправа од државата.
Програмата е дел од проектот на Швајцарската агенција за развој и соработка “Зајакнување на општинските совети” , кој што се спроведува од страна на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) ,во соработка со национални и локални партнери.
Во наредните 18 месеци, околу 150 советници од овие општини ќе имаат можност да учествуваат во Програмата за развој на капацитетите на општинските советници која вклучува обуки на вкупно 11 теми поврзани со јавен финансиски менаџмент, просторно и урбано планирање, добро управување и борба против корупција, меѓуопштинска соработка, родова рамноправност, животна средина и справување со кризи на локално ниво.
1Првата обука се одржува денес и утре во Струмица и на истата присуствуваат и членови на советот на општина Дебрца.
Истовремено, секоја од десетте општини ќе има можност да искористи грант во висина од 40.000 до 60.000 долари за проекти кои ќе бидат избрани низ директна консултација со граѓаните преку Форуми на граѓаните.
Дополнително, секоја од овие општини ќе добие финансиска поддршка во висина од 10,000 до 12,000 долари наменети за воведување иновативни алатки за подобрување на отчетноста, транспарентноста и учеството на граѓаните во работата на општинските совети.
Oct 11, 2022
Денес , 11-ти Октомври, Македонија го слави Денот на востанието, симбол на македонската вековна борба за слобода.
Во таа чест, сите заедно, сплотени, да им ја оддадеме заслужената почит и благодарност на сите храбри борци и учесници во антифашистичкото и народно-ослободителното востание, кои со својата борба и положени животи се вградија во темелите на македонската државност, остварувајќи го вековниот стремеж на македонскиот народ за основање своја самостојна држава.
Нека ни е честит и вековит 11-ти Октомври, Денот на востанието на македонскиот народ.