Oct 5, 2022
Денес на трансакциските сметки на 15 баратели за субвенционирање на дел од трошоците за купување на велосипед им се исплатени по 3.000 денари или вкупно 45.000 денари, а согласно Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2022 година, мерка „Живеј здраво – вози точак”, поддршка на рекреативниот спорт и објавениот Јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купување велосипед во 2022 година.
Мерката продолжува до 31 Декември 2022 година.
Oct 4, 2022
Денес во просториите на Бирото за регионален развој во Скопје, преставувано од директорот Рамиз Реџепи и градоначалникот на Општина Дебрца, Зоран Ногачески го потпишаа договорот за реализација на проектот.
По поднесена апликација од општина Дебрца до Бирото за регионален развој , од Програмата за развој на села за 2022 година одобрени се средства за проектот : Pеконструкција и уредување на улица во село Горенци.
Проектот опфаќа тротоарско уредување на главната улица во село Горенци,во должина од 529 метри и широчина на тротоар од 1,5 метри,а вкупната вредност на проектот изнесува 2.615,598 денари.
По завршување на тендерската постапка следува имплементација на проектот.
Oct 3, 2022
Денес, во историското село Црвена Вода, славна Дебрца го одбележавме јубилејот- 79 години од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ, на 03 Октомври 1943 година, ден кој е патронен празник на општина Дебрца.
Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки се инспирирани од него, со што слободно можеме да констираме дека извориштето на современата македонска држава е во Дебрца.
Во Дебрца се испишани најсветлите страници од македонската историја.
И не само тука, во Црвена Вода, на денешен ден, туку и на Славеј Планина, каде што пред 79 години беше формирана првата регуларна воена единица, баталјонот “Мирче Ацев, во Сливово беше формирана Првата Македонска-Косовска ударна бригада, Дебрца беше првата слободна територија во НОБ, а во селото Издеглавје, во 1944 година беше возобновена Македонската Православна Црква, во ликот на Охридската Архиепископија.
Дебарца долго време беше на маргините, поради што луѓето си заминуваа, селата ни се празнеа. Но, тоа не значи дека духот на нашите предци е исчезнат. Тој живее во сите нас и во нашата визија за Дебрца.
Таа визија е да го промовираме еко капацитетот на Дебрца, да го унапредиме овој крај, да ја вратиме душата на Дебрца.
Дебрца да остане чиста и незагадена и секогаш да пружа одмор, мир, чистота и револуционерност, не само на нас, туку и на сите добронамерници кои ќе ја посетат.
Затоа и во наредниот период упорно и посветено ќе работиме да се сочува интегритетот на Дебрца, нејзината епска димензија и еколошка иднина.
Oct 1, 2022
Вчера во Брежани свечено ја отворивме “Планинската куќа Брежани”.
Објектот беше реконструиран во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ, Програма за прекугранична соработка со Република Албанија и Министерството за локална самоуправа ,а имплементиран од партнерите: ОО Црвен Крст Охрид Алпинистичко друштво Патагонија Охрид и општина Дебрца, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.
Дебрца со своето природно и културно наследство кое е дел од заштитеното подрачје на УНЕСКО, Дебрца со сите овие планински масиви коишто ги има почнувајќи од Караорман преку Славеј Планина, Мазатар и Илинска Планина е извонредно погодно подрачје за развој на сите форми на алтернативен туризам вклучително и планинскиот, зимскиот и авантуристичкиот туризам. Токму затоа овој проект кој го реализираме заедно со нашите партнери на некој начин е во корелација со нашата визија, Дебрца да прерасне во една извонредна туристичка природна дестинација.
Еден од предусловите за такво нешто е да има и безбеден туризам. Токму затоа и во рамки на овој проект се обезбедени специјално возило и специјална опрема за спасување во зимски услови и секако беше извршена реконструкција на старата училишна зграда и нејзина преадаптација во планинска куќа со што ги воспоставуваме потребните инфраструктурни проекти и други активности за создавање на предуслови за искористување на сето тоа што го дава Дебрца за развој на туризмот