Dec 31, 2023
Почитувани сограѓани,
Сакам најтопло да Ви ја честитам Новата година со најискрени желби.
Посакувам во новата година да го исполниме нашето секојдневие со љубов, верба и надеж.
Заедно да придонесеме во исполнувањето на новите предизвици, да изградиме пат кон напредокот на нашата заедница и сите заедно да продолжиме да ја градиме нашата и иднината на нашите деца.
Ви посакувам многу здравје, среќа, бериќет и успех во Новата 2024 година.
Dec 27, 2023
На 28-та седница, Советот на Општина Дебрца, со 11 (единаесет) гласа “за” го донесе Буџетот на општина Дебрца за 2024 година и Годишните развојни програми на општината за 2024 година.
На изготвувањето на буџетот претходеше транспарентна постапка во која граѓаните, месните заедници, здруженијата на граѓани и други заинтересирани страни можеа да дадат свои предлози во поглед на креирање на буџетот за 2024 година.
Вкупниот буџет на општина Дебрца за 2024 година е проектиран на износ од 173.000.000 денари од кој 72.340.989 денари предвидени средства за реализација на капитални и развојни проекти на општина Дебрца.
Основната цел на буџетот е да ги намали непродуктивните трошоци и да обезбеди простор за реализација на повеќе проекти.
На тој начин ќе се обезбеди простор за мерки и проекти кои што ќе значат зајакнување на социјалната кохезија помеѓу граѓаните и зголемување на квалитетот на живот во општината.
Во буџетот за 2024 година предвидено е реализација на капитални инфраструктурни проекти, проекти од областа на образованието, културата, социјалата, спортот, животната средина, руралниот туризам и други.
Dec 20, 2023
Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2024 година, број 01-1341/5 , од 13.11.2023 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:
Ј А В Е Н О Г Л А С
За работно ангажирање на невработени лица по Годишната програма за јавни работи за 2024 година
1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 2 општи работници ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2024 година, за извршување на јавни работи и тоа –Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита, канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта, монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта, развој на селските подрачја и други работи).
2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.
Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно член 83, 84 и 85 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.
За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 900 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.
На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.
Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.
3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:
-Пријава и
-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.
4.Огласот трае седум работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , односно до 28.12.2023 година.
5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.
Пријава
ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Зоран Ногачески
Dec 8, 2023
Во мое лично име и во име на администрацијата на Општина Дебрца, на сите припадници на православната вероисповед, упатувам честитки по повод големиот христијански празник 8 декември – Свети Климент Охридски.
Основоположникот на македонската црковна и народна духовност, Свети Климент Охридски, преку продлабочување и унапредување на словенската просвета, го продолжува делото и мисијата на Светите браќа Кирил и Методиј.
Со зборови си ги упатил народите кон верата Божја, со делата си се издигнал, преблажен, кон божествен и блажен живот.
Со чудеса си ги просветил оние што пристапуваат со вера кон Тебе, преславно осветлувајќи ја темнината со знаменија.
Заради тоа го славиме твојот божествен спомен Клименте.
Слава Тебе Клименте !
Ви посакувам убав и празничен ден, исполнет со семејна топлина.