Select Page

Врз основа на член 84 став 1 од Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност („Службен весник на Република Македонија” број 37/97, 25/2000, 101/2000, 50/2001, 25/2003, 37/2004, 4/2005, 50/2006, 29/2007, 102/2008, 161/2008, 50/10, 88/10, 51/11, 11/12, 80/12, 114/12, 39/14, 44/14, 113/14, 56/15, 129/15, 147/15, 154/15, 27/16 ,119/16, 21/18, 113/18, 124/19 и 103/21 ) и Годишната програма за организирање на јавни работи и работно ангажирање на невработени лица во општина Дебрца за 2024 година, број 01-1341/5 , од 13.11.2023 година, Градоначалникот на општина Дебрца, распишува:

 

Ј А В Е Н   О Г Л А С

За работно ангажирање на невработени лица по Годишната  програма за јавни работи за 2024 година

1.Општина Дебрца има потреба од работно ангажирање на 2 општи работници ( ракувачи со моторна пила, тример, косачка за трева ), за времетраење до 31.12.2024 година, за извршување на јавни работи и тоа Одржување на јавната инфраструктура ( одржување-чистење на крајпатната вегетација на општинските патишта и улици, санација од помали размери на општинските патишта и улици, одржување на насипи, канали, водоводни и канализациони мрежи и други објекти од општ интерес, подобрување на условите за живеење и други работи), Одржување и заштита за животната средина и природата ( чистење и санација на дивите депонии, чистење и одржување на речните корита,  канали, одводи, јавни површини, паркови и хортикултурно уредени локации во селата, фудбалските игралишта,  монтажа и одржување на опремата во парковите и јавните детски игралишта,  развој на селските подрачја и други работи).

2. Право да се пријават имаат долгорочно eвидентирани невработени лица, ниско квалификувани невработени лица, повозрасни невработени лица ( над 55 години ) и други лица од евиденција на невработени.

Невработените лица ќе бидат ангажирани согласно  член 83, 84 и 85 од  Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

 

За време на ангажирањето на лицата ќе им се обезбеди финансиска поддршка, односно месечен нето паричен надоместок во износ од 900 денари дневно, со платен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување.

На корисниците на социјална помош за времетраење на работното ангажирање ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Условите, правата и обврските ќе бидат уредени со склучување на договор помеѓу општината и невработените лица.

 

3.Заинтересираните кандидати потребно е да достават:

-Пријава и

-Потврда од Агенцијата за вработување дека се невработени.

4.Огласот трае седум работни дена од денот на објавувањето на веб страницата на општина Дебрца, www.debrca.gov.mk , односно до 28.12.2023 година.

5.Пријавите се поднесуваат во архивата на општина Дебрца, секој работен ден од 07.30-15.30 часот.

Пријава

ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

Зоран Ногачески