Select Page
АКВАТЕК и Здружението за екологија и туризам ‘ЕКОТУРИЗАМ-2016″, Охрид, изведоа подводни активности во Белчишкото Блато

АКВАТЕК и Здружението за екологија и туризам ‘ЕКОТУРИЗАМ-2016″, Охрид, изведоа подводни активности во Белчишкото Блато

Нуркачкиот Центар АКВАТЕК, Охрид и Здружението за екологија и туризам ‘ЕКОТУРИЗАМ-2016″, Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато. Најголемото блатно езерце Сино Дувло крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има мали рипчиња – писи и ракчиња. Измерена е длабочина од околу 4 m, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и во Охридското Езеро, и од Сино Дувло извадивме делод човечката неодговорност – една метална рамка од велосипед. Своето место ќе си го најде како сувенир во нашата колекција. Уживајте во подводна снимка.

Announcement/ Соопштение Conse PP

Announcement/ Соопштение Conse PP

Почитувани, Дата: 24.2.2020

Општина Дебрца Ви благодари за доставената понуда по објавениот повик за поднесување на понуди за Реконструкција на изложбен центар, со број CONSE-PP-CN1-SO2.3-SC035-12-2703/1, во рамките на рокот за доставување на понуди.
Воедно, Ве информираме дека објавувањето на резултатите од доставените понуди ќе биде на ден 26.2.2020 година (среда).
Со почит,

Зоран Ногачески
Градоначалник

————————————————————————————————————————————-

Dear all, Date: 24.2.2020

The Municipality of Debrca is grateful for the submitted offer for the Tender for Redevelopment of Exhibition Centre, with reference number CONSE-PP-CN1-SO2.3-SC035-12-2703/1, within the deadline for submission of tenders.

According to the submitted offers, we would like to inform you that the notification of award to the successful tenderer will be published on 26.2.2020 (Wednesday).

Sincerely,

Градоначалникот Ногачески оствари  средба со претставниците на Координативното тело, за еколошка револуција во Дебрца

Градоначалникот Ногачески оствари  средба со претставниците на Координативното тело, за еколошка револуција во Дебрца

Денес градоначалникот Зоран Ногачески оствари  средба со претставниците на Координативното тело, кое беше носител на еколошката “револуција” во Дебрца, односно на активностите аргументирано да се докаже дека Дебрца и сливот на Охридското Езеро не се место за изградба на регионална депонија.

На средбата гостите ги информираше за тековните и идните проекти, особено во делот на екологијата.

Граѓанските  предлози, сугестии и забелешки секогаш се добредојдени.

Учениците од ООУ “Св.Климент Охридски”- Охрид, во посета на општина Дебрца

Учениците од ООУ “Св.Климент Охридски”- Охрид, во посета на општина Дебрца

Денес учениците од ООУ “Св.Климент Охридски” од Охрид, остварија посета на општина Дебрца.  За време на посетата, учениците заедно со своите наставнички имаа средба со градоначалникот Зоран Ногачески. Оваа посета е дел од училишните активости и има за цел запознавање на учениците со работата на Локалната самоуправа во руралните општини.

Учениците посетата ја искористија да му постават одредени прашања на градоначалникот поврзани со историјата и развојот на  општина, работењето на општината, администрацијата и инвестициите во општина Дебрца.

Градоначалникот Ногачески им даваше одговори , појаснувше и образложуваше за се што се интересираа на начин разбирлив за нивната возраст.

Учениците исто така имаа можност да ја посетат и ликовната колонија “Дебрца”  која вооедно е и најстара колонија во Македонија,

Пред извесен период во посета на општината беа дел од учениците од основното училиште од Дебрца, а вакви средби со градоначалникот и запознавање на општината ќе продолжат и во иднина, со цел на најмладите одблиску да им се долови значењето и функционирањето на општините.

Означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“,

Означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“,

Денес на граничниот премин кај Свети Наум се одржа свечен настан, на кој и официјално беше означен почетокот на проектот „Нови Можности за Безбеден Зимски Авантуристички Туризам“, поддржан од Европската Унија, преку ИПА Програмата за прекугранична соработка, Македонија – Албанија. Проектот ќе се имплементира во наредните три години, а партнери се: ОО Црвен Крст Охрид, Алпинистичкото друштво “Патагонија” Охрид и општина Дебрца, од македонска страна и општина Грамш, од албанска страна.

Градоначалникот Ногачески поздравувајќи ги присутните изрази благодарност што и општина Дебрца е партнер во овој проект,при што посебно потенцираше  дека :

Општина Дебрца, со своето природно и културно наследство, кое е и светско природно и културно наследство, заштитено од УНЕСКО, Дебрца со своите планински масиви, како Славеј Планина, Караорман, Стогово, Мазатар и Илинска Планина е природно предодредена за развој на зимскиот и планинскиот туризам.

И токму затоа, овој Проект е во директна корелација со нашата визија Дебрца да прерасне во високорангирана природна и културна туристичка дестинација.

Проектот за Дебрца овозможува нова понуда во алтернативниот туризам, зголемена безбедност на посетителите, пристапни патеки од сите населени места, во близина на сртот на Илинска Планина и опрема за спасување во зимски услови.

Со овој проект, во општина Дебрца предвидена е реконструкција и пренамена на старата училишна зграда во с. Брежани во модерен планинарски дом, реконструкција на пропустите на патот од село Брежани до Илинска црква, набавка на опрема и специјално теренско возило за спасување во зимски услови, како и обуки за прва помош во зимски услови, за локалното население.

Ова е втор проект кој општина Дебрца го спроведува во рамките на прекуграничната соработка, во насока на подобрување на алтернативниот туризам во општината. Другиот проект е во рамките на прекуграничната соработка со Грција и истиот го тангира оригинерниот природен ресурс, “Белчишкото Блато.”

И затоа, во оваа прилика изразувам голема благодарност и до Делегацијата на ЕУ во Скопје, за нивната поддршка на овие за нас значајни проекти, како и благодарност до Министерството за локална самоуправа, кое со 15 % контрибуција ги помага проектите.

Овие проекти се значајни и за стекнување на потребните знаења и искуства и на општинската администрација, како во фазата на аплицирањето, исто така и во фазата на имплементацијата на проектите.

Овде би сакал да изразам посебна благодарност и до Г-динот Бертолини, кој организираше неколку сесии за обука на администрацијата, како да се подготви и аплицира еден добар проект.

Се надевам и не се сомневам дека во текот на имплементацијата на Проектот ќе имаме добра соработка со сите партнери, и од македонската и од албанската страна.

Впрочем, со нашиот партнер, ОО Црвен Крст Охрид и Планинската Спасителна Служба имаме потпишано и меморандум за соработка.

А, со нашиот партнер од Албанија, општината Грамш се надевам дека ова ќе биде почеток на една заедничка долготрајна и успешна соработка. – кажа во своето обраќање градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески