Select Page

Нуркачкиот Центар АКВАТЕК, Охрид и Здружението за екологија и туризам ‘ЕКОТУРИЗАМ-2016″, Охрид, изведоа подводни активности за разоткривање на тајните на Белчишкото Блато. Најголемото блатно езерце Сино Дувло крие многу природни особености кои допрва треба детално да се проучат. Со нуркањето е утврдено присуство на бројни подводни карстни извори кои го хранат со вода, речиси исти како Светинаумските извори од езерцето формирано од истекот на Црн Дрим. Богатството со вода е надополнето со рибна фауна, а од снимките се препознаваат јата кленови. Низ шуплините од камењата има мали рипчиња – писи и ракчиња. Измерена е длабочина од околу 4 m, а вишокот вода се прелева во евловата шума која доминира во блатото и е најголема по површина во нашата држава. За жал, како и во Охридското Езеро, и од Сино Дувло извадивме делод човечката неодговорност – една метална рамка од велосипед. Своето место ќе си го најде како сувенир во нашата колекција. Уживајте во подводна снимка.