Select Page
15-та седница на Советот на општината Дебрца

15-та седница на Советот на општината Дебрца

Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:  

 

 

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е

за свикување на 15-та седница на Советот на општината Дебрца

Ја свикувам 15-та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден  31.07.2026 година (петок) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н     Р Е Д

  1. Усвојување на записник од 14-та седница на Советот на општина Дебрца
  2. Предлог – Одлука за усвојување на Извештајот за остварување на Буџетот на општината Дебрца за периодот од 01.01.2026 до 30.06.2026 година
  3. Предлог – Одлука за усвојување на Годишен план за вработување на ООУ „Дебрца“ с.Белчишта
  4. Предлог – Одлука за прифаќање на предлогот и утврдување предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Струга
  5. Предлог – Решение за именување членови на заедничка комисија за воспоставување на меѓуопштинска соработка со општина Струга
  6. Предлог – Одлука за определување на широчината на крајбрежниот појас на водотекот Река Сатеска во населено место с.Ново Село

 

  • Советнички прашања

 

 

 

СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА

                                                                                                    Претседател,

                                                                                                   Иван Стрезоски

 

 

Асфалтирање на улици во село Годивје

Асфалтирање на улици во село Годивје

Во селото Годивје успешно заокруживме едно навистина големо и благодетно дело, кое претставува важен чекор кон подобрување на животниот стандард на мештаните.
⛪ По цели децении чекање и слушање празни ветувања во минатото, конечно го асфалтиравме патот што води до селската црква „Св. Ѓорѓија“, овозможувајќи им на верниците и на сите посетители достоинствен и лесен пристап до овој значаен духовен храм.
🛣️ Нашите градежни активности не застанаа само на тоа, па во рамки на овој инфраструктурен зафат целосно го асфалтиравме и сретселото, како и потегот, односно улицата која се протега од самиот центар на селото па сè до месноста Горна Река.
🤝 Вложувањето во патната мрежа во нашите рурални средини е единствениот вистински начин да им ги обезбедиме на граѓаните основните услови кои ги заслужуваат и да го олесниме нивното секојдневно функционирање.
🏗️ Како локална самоуправа остануваме максимално посветени на рамномерниот развој на секое населено место, бидејќи Дебрца мора да оди напред преку реализација на реални проекти кои трајно го решаваат проблемот на жителите.