Select Page
ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и одржување на јавна расправа/видео консултација

ИЗВЕСТУВАЊЕ за достапност на документ и одржување на јавна расправа/видео консултација

 Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во РСМ” кој се реализира од Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Дебрца аплицираше со проект за надградба на локален пат од н.м. Злести до н.м. Белчишта (Секција 1 и 2), Општина Дебрца.

Согласно барањата на Светска Банка беше подготвен документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од реализацијата на проектот.

Документот “План за управување со животната средина и социјалните аспекти” ќе биде ставен на јавен увид на веб страните на: Министерството за транспорт и врски (http://www.mtc.gov.mk) и на Општина Дебрца (https://debrca.gov.mk/) на 24 Септември 2020.

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на веб страна.

Со цел презентирање на главните наоди од подготвениот документ “План за управување со животната средина и социјалните аспекти”, како и запознавање со проектните активности Министерството за транспорт и врски заедно со Општина Дебрца ќе организираат јавна расправа која поради ситуацијата со COVID 19 ќе се одвива преку видео конференција на ден 01 Октомври (четврток) 2020 со почеток во 10.00 часот.

Сите заинтересирани лица нека достават барање за учество по е-маил на следнава адреса: irena.paunovikj.piu@mtc.gov.mk најкасно до 30 Септември (среда) 2020, до 15.00 часот. Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен на вашата е-маил адреса за учество на настанот. Ве молиме да се регистрирате/поврзете на линкот кој ќе Ви биде доставен за учество на настанот.

 

 

Министерството за транспорт и врски

Дневен Ред

Формулар за коментар

ЕСМП - EN

ЕСМП - MKD

Советот на општина Дебрца донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ “Дебрца”да се реализира со физичко присуство

Советот на општина Дебрца донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ “Дебрца”да се реализира со физичко присуство

Советот на општина Дебрца на вчерашната седница донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ “Дебрца” – Белчишта во учебната 2020/2021 година, а во услови на КОВИД 19 да се реализира со физичко присуство на учениците од I ( прво ) одделение до IX ( деветто ) одделение.
Воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата .
Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ “Дебрца”-Белчишта ќе се проследи до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, а за добивање согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето.
Топло добредојде за новите првачиња во OОУ “Дебрца”

Топло добредојде за новите првачиња во OОУ “Дебрца”

Први Септември е ден кој е почеток на новата учебна година и секако најрадосниот ден за најмладите ученици, првачињата, кои за првпат седнуваат во училишните клупи.

За жал, оваа година поради новонастанатата состојба со светската пандемија предизвикана од Ковид 19 вирусот, наставната година не започнува денес.

И покрај тоа во ОУ “Дебрца” го одбележавме почетокот на новата учебна 2020/2021 година, со свечен прием за првачињата.

 

Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ОУ “Дебрца” ќе произлезат успешни и општествено одговорни граѓани, архитекти, доктори, универзитетски професори, спортисти, градоначалници, а зошто не и нобеловци.

Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности.

Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите.

Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,  бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари.

Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност.

Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.

Топло добредојде за новите првачиња во ОOУ "Дебрца"

Posted by Зоран Ногачески – Градоначалник на Дебрца on Вторник, 01 септември 2020