Select Page
Советот на општина Дебрца на вчерашната седница донесе одлука воспитно-образовниот процес во ООУ “Дебрца” – Белчишта во учебната 2020/2021 година, а во услови на КОВИД 19 да се реализира со физичко присуство на учениците од I ( прво ) одделение до IX ( деветто ) одделение.
Воспитно-образовниот процес ќе се реализира согласно Планот за одржување на наставата во основните и средните училишта во учебната 2020/2021 година и Протоколот за постапување на основните училишта за реализација на воспитно-образовниот процес со физичко присуство на учениците во учебната 2020/2021 година, донесени од Владата .
Барањето за настава со физичко присуство на учениците, со образложение за исполнетоста на условите и критериумите од Планот и Протоколот, изготвено од ООУ “Дебрца”-Белчишта ќе се проследи до Комисијата формирана од Владата за разгледување на поднесени барања за организирање на настава со физичко присуство, а за добивање согласност од Владата за организирање на наставата со физичко присуство на учениците во училиштето.