Денес учениците од ООУ “Св.Климент Охридски” од Охрид, остварија посета на општина Дебрца. За време на посетата, учениците заедно со своите наставнички имаа средба со градоначалникот Зоран Ногачески. Оваа посета е дел од училишните активости и има за цел запознавање на учениците со работата на Локалната самоуправа во руралните општини.
Учениците посетата ја искористија да му постават одредени прашања на градоначалникот поврзани со историјата и развојот на општина, работењето на општината, администрацијата и инвестициите во општина Дебрца.
Градоначалникот Ногачески им даваше одговори , појаснувше и образложуваше за се што се интересираа на начин разбирлив за нивната возраст.
Учениците исто така имаа можност да ја посетат и ликовната колонија “Дебрца” која вооедно е и најстара колонија во Македонија,
Пред извесен период во посета на општината беа дел од учениците од основното училиште од Дебрца, а вакви средби со градоначалникот и запознавање на општината ќе продолжат и во иднина, со цел на најмладите одблиску да им се долови значењето и функционирањето на општините.