Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески и претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија средба со стручна делегација од областа на противпожарната заштита од Австрија, составена од Петер Логар, проект менаџер на Програмата за поддршка на тиролската противпожарна бригада и Јоханес Пап, Заменик командант на противпожарна бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија.
На средбата присуствуваа и претставници на Противпожарната единица од Охрид,со командирот Борко Јанкулоски.
На средбата беше потецирана и потребата од активно функционирање на волонтерска служба за противпожарна заштита, односно доброволно противпожарно друштво во општина Дебрца,практика која е многу успешно применета во областа на противпожарната заштита во развиените држави.
Во тој контекст, стана збор и за доброволното противпожарно друштво „Ентузијаст“ кое брои 25 лица и веќе активно делува во Охрид,а има неопходна потреба од функционирање и на територијата на општина Дебрца.
Од страна на гостите беше потенцирано дека општината треба да се заложи да обезбеди просторни услови за друштвото и волонтери,а тие ќе помогнат да се обезбедат опрема и обуки за волонтерите.
Се надеваме дека оваа средба ќе биде почеток на успешна соработка во иднина.