Jun 29, 2026
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 14-та седница на Советот на општината Дебрца
Ја свикувам 14–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 30.06.2026 година (вторник) , со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 12-та седница на Советот на општина Дебрца
- Усвојување на записник од 13-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Годишна програма за изменување и дополнување на Годишната програма за поддршка на локалниот економски развој на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување и дополнување на Годишната програма за реконструкција, модернизација, користење и одржување на јавното осветлување во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишната програма за изменување на Годишната програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на образованието во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за социјална и здравствена заштита на општина Дебрца за 2026 година
- Годишна програма за измена и дополнување на Годишната програма за развој на Локалната инфраструктура и комуналните услуги на општина Дебрца за 2026 година
- Предлог – Годишна програма за изменување на Годишната програма за развој на културата во општина Дебрца за 2026 година
- Информација за потребата од обезбедување на соодветен објект и земјиште за потребите на Општина Дебрца и ЈП за комуална дејност „Дебрца“ с.Белчишта
- Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за набавка на објект и земјиште за потребите на Општина Дебрца и ЈП за комунална дејност „Дебрца“ с.Белчишта
- Предлог – Одлука за поништување на Јавниот повик за пројавување на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
- Предлог – Одлука за распишување на Јавен повик за пројаввуање на интерес за пријавување на кандидати за избор на членови во Управен одбор на ЈПКД „Дебрца“ с.Белчишта
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Иван Стрезоски
Jun 29, 2026
Синоќа во Галеријата „Ѓорѓија Целески“ во Белчишта свечено го отворивме 41-то издание на Интернационалната уметничка колонија „Дебрца“.

Како најстара ликовна колонија во Македонија, оваа година твориме под моќното мото „Од камен до код – ехо на земјата, глас на иднината“, покажувајќи дека иднината се гради врз темелите на минатото.

Во моето обраќање пред присутните, со гордост истакнав дека веќе 41 година ова место е светол пример како уметноста ги спојува луѓето, културите и времињата.

Посебно сакам да им се заблагодарам на домашните и странските уметници кои со својот талент го прават Белчишта вистински космополитски центар на уметноста.

Годинава нашето уметничко семејство се зголеми, па искрено го поздравувам новиот бран на млади креативци кои носат свежи идеи и нови светогледи.

Претседателката на здружението, Мартина Целеска, одлично поентираше дека Дебрца одамна прерасна во духовен простор, потсетувајќи не дека галеријата денес чува над 700 уметнички дела што е наше непроценливо богатство.

Оваа година ни гостуваат реномирани автори од Македонија, Србија, Словачка и Велика Британија, предводени од почесниот гостин, истакнатиот македонски уметник Јордан Манасиески.

Свеченото отворање го збогатија младата гитаристка Георгина Јанкоска, фолклорниот ансамбл „Св. Петар и Павле“ од Мешеишта и познатиот гајдаџија Целе Блажески.

Нека ни е успешна и плодна 41-та ликовна колонија, продолжувајќи ја визијата на нејзиниот основач!

Анамарија Момироска
Jun 29, 2026
Иднината ја градиме заедно – со визија, знаење и храброст!
Денес во салата на Општина Дебрца имав извонредна средба со младите од иницијативата „За доброто на Дебрца“. Кога младите преземаат одговорност, резултатот не е само дебата, туку јасен план за акција.
Заедно со Вахид Мемед и младинскиот лидер Ивана Левеска, ги мапиравме клучните столбови на кои силно ќе работиме:

Остануваме дома – Создаваме реални услови за младите луѓе да ја градат својата иднина овде, во Дебрца.

Туризам со полн капацитет – Координаторот Билјана Стефаноска ги презентираше нашите неискористени потенцијали кои ќе ги претвориме во нови економски шанси.

Развој преку лесна индустрија – Инвестираме во одржливи проекти како силна поддршка за локалната економија.

Дебрца „Чувар на природата“ – Секој економски прогрес мора и ќе оди рака под рака со еколошката одговорност.
Вратите на општината се секогаш отворени за вакви иницијативи. Како градоначалник, младите идеи за мене се врвен приоритет и секогаш ќе ја имаат мојата максимална институционална поддршка.
Не зборуваме само за проблеми – создаваме конкретни решенија за подобра иднина на нашиот заеднички дом!


Активноста е реализирана во рамки на проектот „Youth-4-Democracy Laboratory“, имплементиран од Здружението за меѓународна младинска соработка ИНТЕРАКТИВ – Битола, со поддршка од National Endowment for Democracy.