Jun 3, 2026
Денеска ми претставуваше особена чест и задоволство во работна посета на Општина Дебрца да ги пречекам министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, Горан Патчев.

На остварената средба разговаравме за огромниот културен и туристички потенцијал што го поседува нашиот регион.

Посебен акцент ставивме на проектот за изградба на културно-изложбен центар во с. Требеништа, кој значително ќе придонесе за промоција на локалното наследство и развојот на туризмот.

Заедно со гостите го посетивме и Изложбениот центар за Белчишко Блато во Белчишта, простор кој на уникатен начин ги претставува богатствата на флората, фауната и нашето природното наследство.

Работната посета ја продолживме со посета на Интернационалната ликовна колонија „Дебрца“ во Белчишта, која минатата година одбележа 40-годишен јубилеј и е една од најстарите и најзначајните ликовни колонии во Македонија.

Горди сме на оваа културна манифестација која со децении го збогатува уметничкото наследство на Дебрца, а соработката и поддршката од овие институции ни е од огромно значење.

Инвестициите во културата и туризмот се вистински инвестиции во иднината!
Jun 3, 2026
Известување до жители на с.Мешеишта
Поради предизвикан дефект на главната водоводна цевка од страна на изведувачи при изградба на автопатот, ќе има прекин на водоснабдувањето денес ( 03.06.2026 година) од 16 часот до санирањето на дефектот.
ЈП за комунална дејност Дебрца