Select Page
🚧 Дебрца се гради, зборот се исполнува: Нов асфалт до манастирот „Си Свети“ во с. Лешани!
🫡Секое враќање во моето родно Лешани буди посебни емоции, но денеска сум особено горд. Мојот пат започна токму од тука, а денешниот ден е доказ дека дадениот збор пред вас не е празна флоскула, туку моја најголема човечка и градоначалничка обврска.
🚀На само неколку дена пред 7 јуни и големата слава на манастирот „Сите Свети“, започнавме со асфалтирање на патот кој води до ова наше духовно светилиште. Оваа градежна офанзива опфаќа нова асфалтна траса во должина од 350 метри, која ја реализираме преку изведувачот АД „Илинден“ – Струга, а за која одвоивме 2.400.000 денари од годишниот општински план за асфалтирање.
👉Целта ни беше јасна – градежните работи да бидат во полн ек токму сега, во пресрет на празникот, за да обезбедиме модерен и достоинствен пристап за сите верници кои ќе го посетат манастирот.
🤝Ова е само еден патоказ за тоа како работиме. Она што го ветувам и го реализирам денес во Лешани, е моја обврска за сите села во нашата општина. Токму затоа, сакам да истакнам дека во годишниот план имаме опфатено уште 5 пристапни патишта до верски објекти низ Дебрца кои целосно ќе се реализираат оваа година. Ќе се гради насекаде, ќе се работи во секое населено место и сето она што ви го ветив, секојдневно ќе станува реалност.
❤️Патот кон поубава Дебрца го градиме секој ден.