Jan 12, 2026
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Врз основа на член 22 став 1 точка 13 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 13 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ДЕЛ ОД ТРОШОЦИТЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Б КАТЕГОРИЈА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Преку мерката за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија општина Дебрца има намера да помогне на младите жители од општината да го завршат полагањето на практичниот и теоретскиот дел од испитот за возачи и со тоа да се стекнат со возачка дозвола од Б категорија. Имајќи ја во предвид економската состојба и можностите на жителите, оваа мерка директно е насочена кон младите луѓе и нивните семејства од една страна и зголемување на безбедноста во сообраќајот и намалување на појавата на управување на моторно возило без да се поседува соодветна возачка дозвола од друга страна.
Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за локален економски развој на општина Дебрца за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка за младите луѓе и активно ги следи и работи на остварување на нивните потреби.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Млади луѓе, жители на општина Дебрца кои во моментот на поднесување на барањето за субвенционирање не навршиле 21 година;
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на барање кое се подигнува од Архивата на општина Дебрца или од веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk;
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за: „Јавен повик за субвенционирање на дел од трошоците за полагање на возачка дозвола Б категорија“ – лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае од 01.01.2026 година во текот на целата година.
Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава
документација:
- Копија од лична карта;
- копија од фискална сметка за извршена уплата во автошкола;
- Копија од новоиздадена возачка дозвола;
- Копија од трансакциска сметка;
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Мерката е наменета за сите жители на општина Дебрца кои во моментот на аплицирање не навршиле 21 година без оглед на нивниот социјален статус и економската состојба на семејството и се исплаќа еднократно по 20.000 денари по апликант по завршен процес на полагање на возачки испит за Б категорија.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Одобрените барања за финансирање ќе се обработуваат и исплаќаат тековно веднаш после поднесено барање а заради транспарентност на процесот ќе бидат јавно објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, на крајот од 2026 година. Средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за локален и економски развој на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286-855.
Прилог:барање возачки
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Златко Сиљаноски
Jan 12, 2026
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Врз основа на член 22 став 1 точка 3 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 3 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРОДАВНИЦИ НА ТЕРИТОРИЈАТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Преку мерката за субвенционирање на дел од трошоците на економските субјекти кои се занимаваат со малопродажба на територијата на општина Дебрца, општината има за цел да го помогне економскиот развој во населените места, да овозможи подобри и полесни услови за живот на своите граѓани притоа исполнувајќи го барањето на своите жители за отворање на што е можно повеќе продавници на територијата на општина Дебрца. Оваа мерка ќе придонесе и за отворање на нови работни места што секако е стратешки приоритет на општината.
Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за локален економски развој на општина Дебрца за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка на економските субјекти кои работат или имаат желба да работат на територијата на општина Дебрца.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Правни лица со седиште во општина Дебрца кои отпочнале да вршат дејност трговија на мало на територијата на општина Дебрца, или правни лица кои отвориле подружници во општина Дебрца преку кои вршат дејност трговија на мало;
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на барање кое се подигнува од Архивата на општина Дебрца или од веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk;
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за: „Јавен повик за субвенционирање на продавници на територијата на општина Дебрца за 2026 година“ – лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае од 01.01.2026 година во текот на целата година.
Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава
документација:
- Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 (шест) месеци ;
- Уверение од Управа за јавни приходи за платени даноци и придонеси не постаро од 6 (шест) месеци ;
- Потврда од централен регистар или надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци;
4.Потврда од општина Дебрца за платен данок на имот, фирмарина и обврски произлезени од договор за закуп доколку правното лице има склучено договор за закуп со општина Дебрца на објект во кој ја врши дејноста;
- Изјава од одговорното лице на правниот субјект, под полна материјални, кривична и морална одговорност, заверена на нотар дека доколку престане со вршење на дејноста во текот на годината за која користи субвенција ќе ги врати сите дотогаш примени срества на сметката на општина Дебрца;
- Неколку фотографии од продавницата;
- Копија од жиро сметка;
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
Мерката е наменета за сите правни субјекти во општина Дебрца кои вршат дејност малопродажба преку отворени продавници во било кое населено место во општина Дебрца. И за новоотворените продавници на територијата на општина Дебрца важат истите правила и документација која се должни да ја достават откако продавницата ќе биде отворена. Општина Дебрца согласно буџетските можности има право за новоотворените продавници предност при финансирање да даде за оние населени мести каде за првпат се отвора продавница. Субвенцијата се исплаќа по завршување на секој месец за 12 месеци во текот на годината и изнесува по 10.000 денари по подносител на барање. Доколку еден правен субјект има повеќе продавници во различни населени места на територијата на општина Дебрца, субвенцијата му следува за секој од нив. Со секој добитник на субвенција ќе биде склучен посебен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Одобрените барања за финансирање ќе се обработуваат и исплаќаат тековно веднаш после поднесено барање а заради транспарентност на процесот ќе бидат јавно објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, на крајот од 2026 година. Средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за локален и економски развој на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.
Прилог:барање и изјава продавници (1)
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Златко Сиљаноски
Jan 12, 2026
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Врз основа на член 22 став 1 точка 5 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 5 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА КУЛТУРА И КУЛТУРНО ТВОРЕШТВО НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Инвестирањето во културата, културното творештво и презентација на културните вредности на општина Дебрца е значаен приоритет во работењето на општината. Согласно програмата за култура за 2026 година, Општина Дебрца на Јавниот повик за финансирање на проекти од јавен интерес на Општина Дебрца за 2026 година од областа на културата, ќе поддржи идеи на здруженија на граѓани, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за промоција на културните вредности и традицијата на општина Дебрца. Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на културата кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Дебрца во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности.
Целта на реализација на оваа активност е Општина Дебрца да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на културата и културното творештво, презентација на специфичните традиции во општината со цел нивно зачувување од заборав и пренесување на нив до младата генерација.
Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за култура за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка во областите: организација на културни настани, активности, манифестации како и поддршка на здруженија на граѓани, поддршка на талентирани поединци и млади неафирмирани уметници, проекти од областа на ликовната и музичката уметност, брендирање и креирање на локални културни производи и сувенири.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
– Здруженија на граѓани, асоцијации и слично, поединци кои работат во областа на културата и културното творештво чии што предвидени активности се на територијата на општина Дебрца или се однесуваат на богатите традиции кои ги имаат населените места во општината Дебрца.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.
Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат во рамките на програмата за култура во текот на 2026 година.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансирање на проекти од област култура и културно творештво на општина Дебрца за 2026 година“ – лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.
Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава
документација:
Правните субјекти – здруженија на граѓани да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на
општина Дебрца: www.debrca.gov.mk);
б) Копија од Тековна состојба за регистрирана дејност не постара од шест месеци,
издадена од Централен регистар на Република Македонија;
в) Потврда за отворена и активна жиро сметка во банка не постара од шест месеци;
г) Референтна листа за претходно организирани и реализирани програми, проекти,
програмски активности и манифестации во последните три години.
Физичките лица – уметници и самостојни уметници да достават:
а) Пополнета пријава/апликација (пријавата ќе биде објавена на веб-страницата на
општина Дебрца: www.debrca.gov.mk);
б) Кратка биографија и СV на апликантот;
в) Копија од предната страна на трансакциска сметка (исклучиво лична на
апликантот, не ополномоштена од трето лице, а доколку барателот е малолетно лице трансакциската сметка треба да е исклучиво лична на барателот ополномоштена од
родител/старател).
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:
- развој и унапредување на дејностите од областа на културата на територијата
на општина Дебрца;
- чување и афирмирање на материјалното, духовното и културното наследство
на општина Дебрца;
- достапност на културните добра и вредности до граѓаните;
- континуитет на традиционалните културно-уметнички манифестации што се
од интерес за општина Дебрца;
- презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и
јавната уметност;
- афирмирање и поддршка на млади уметници и автори,
- развивање на младинската култура во чии рамки ќе се поддржуваат креативни
и едукативни проекти;
- поддршка и развивање на традиционалните културни вредности;
- одбележување јубилејни настани и значајни датуми;
користeње на културното наследство како ресурс за развој на туризмот;
- организирање на кампањи, работилници и предавања за промоција и
значењето на културното наследство значајно за општина Дебрца;
- издавање на книги и електронски изданија, публикации, монографии,
зборници што обработуваат теми од современиот живот и историјата на
Дебрца;
- Поддршка на постојните и нови фестивали, изложби, ревии и гастро-настани кои
придонесуваат кон продолгување на туристичката сезона и зголемување на
посетеноста.
- Поттикнување на учество на локални уметници, млади, занаетчии и жители во
подготовката и реализацијата на културно-туристички настани, со цел градење на
заеднички идентитет и гордост.
- Поттикнување научни и теренски истражувања за нематеријалното и материјалното културно наследство, со особен акцент на локалните преданија, обичаи, уметнички изрази и духовна традиција.
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Избраните проекти за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за култура на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.
Прилог:Апликационен-формулар култура
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Златко Сиљаноски
Jan 12, 2026
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Врз основа на член 22 став 1 точка 7 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 7 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС ВО ОБЛАСТА НА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Општина Дебрца заради остварување на јавните потреби и јавниот интерес, на Јавниот повик за финансирање на проекти од јавен интерес на Општина Дебрца за 2026 година, ќе поддржи идеи на здруженија на граѓани од областа на социјалната заштита, како и активности на поединци и останати субјекти кои ќе придонесат за побогат и поквалитетен живот на лицата со посебни потреби, ограничени можности и семејства од социјален ризик. Предлог проектите треба да се однесуваат на активности од областа на социјалната заштита кои ќе бидат насочени кон директна помош на општина Дебрца во остварување на нејзината основна функција и предвидени конкретни активности.
Целта на реализација на оваа активност е Општина Дебрца да обезбеди стимулирање и презентација на вредностите и достигнувањата од јавен интерес во областа на социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и различните видови активности на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Дебрца.
Согласно законската регулатива, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на обезбедување услови и превземање системски активности за социјалната заштита, намалување на социјалниот ризик и подобрување на условите за живот на лица со посебни потреби на подрачјето на Општина Дебрца.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
– Здруженија на граѓани, асоцијации и слично, поединци кои работат во областа на здравствената и социјалната заштита чии што предвидени активности се на територијата на општина Дебрца.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.
Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат во рамките на програмата за социјална заштита во текот на 2026 година.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансирање на проекти од јавен интерес во областа на социјалната заштита на општина Дебрца за 2026 година“ – лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:
- да допринесат за побогат, поквалитетен и разновиден јавен живот на ниво на општината од областа на социјалната заштита;
- иновативност, впечатливост и оригиналност на идејата;
- воспоставување на соработка и партнерства во рамките на предложениот проект со една или повеќе јавни установи од општината, национални установи, граѓански организации, образовни, социјални и здравствени институции и други организации;
- одбележување јубилејни настани и значајни датуми;
- организирање на меѓународни манифестации што се одржуваат во Општина Дебрца;
- стимулирање и поддршка на разни партнерски меѓународни проекти;
- потикнување на креативноста и подобрување на развојот на децата, младите и лицата со посебни потреби;
- унапредување на животот на лицата со ретки болести и посебни потреби;
- развој на спортските активности кај лицата со посебни потреби;
- стимулирање и потикнување на здравјето на граѓаните;
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Избраните проекти за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за социјална и здравствена заштита на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286855.
Прилог:Апликационен-формулар
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Златко Сиљаноски
Jan 12, 2026
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Врз основа на член 22 став 1 точка 6 и член 50 став 1 точка 16 од Законот за локална самоуправа („Сл. весник на Р.М.“ бр. 5/02) и член 15 став 1 точка 6 од Статутот на Општина Дебрца („Сл. гласник на општина Дебрца“ бр. 3/2005), Градоначалникот на Општина Дебрца објавува:
ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА И РАЗВОЈ НА СПОРТОТ ВО ОПШТИНА ДЕБРЦА ЗА 2026 ГОДИНА
ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Преку поддршката и развојот на спортот општина Дебрца има за цел подобрување на спортскиот живот во општината, промоција на разновидни спортско-рекреативни содржини, поттик на жителите, особено младата популација за масовно вклучување во спортските активности, со цел развој на позитивните вредности на спортот а во функција на обезбедување на здрави идни генерации во општината, како и поддршка на спортските манифестации, спортските клубовии талентираните спортисти, преку кои ќе се презентира и промовира општината.
Согласно законската регулатива а во согласност со донесената програма за развој на спортот за 2026 година, Општина Дебрца како единица на локалната самоуправа води активна политика на силна финансиска поддршка во областите: поддршка на спортски манифестации во општината, поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари (прва, втора или трета лига), поддршка на спортски клубови од општината кои се натпреваруваат во организиран систем на натпревари во општинска лига и поддршка на талентирани спортисти во поединечни спортови кои живеат на територијата на општина Дебрца.
ПРАВО НА УЧЕСТВО НА КОНКУРСОТ
Спортски клубови, спортски здруженија (сојузи и асоцијации), спортисти, други правни лица од областа на спортот, училишни спортски клубови и сојузи, спортски школи, образовни институции и граѓански здруженија чие што регистрирано седиште односно живеалиште се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца и спортски федерации и клубови чиешто регистрирано седиште не се наоѓа на подрачјето на општина Дебрца, но имаат соработка со локален спортски правен субјект (потпишан договор за соработка) за реализацијата на проектот, активноста или манифестацијата.
НАЧИН НА АПЛИЦИРАЊЕ И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавувањето на Јавниот повик се врши со доставување на предлог проект, каде детално ќе биде образложена идејата и ќе има финасиска рамка.
Предлог идеите за кои ќе бидат доделени финансиски средства, ќе се реализираат во рамките на програмата за развој на спортот во текот на 2026 година.
Со пријавата може да се достават и други документи/материјали за дообјаснување на проектот, за кои учесникот на Јавниот повик цени дека е потребно да ги достави.
Нема да бидат разгледувани пријави: доставени по истекот на рокот на Јавниот повик, пријави доставени по електронска пошта, нецелосно пополнети и нецелосни предлог проекти без приложени документи кои задолжително се бараат. Материјалите доставени со пријавите на Јавниот повик не се враќаат.
Пријавите со документите се доставуваат во затворен коверт: Општина Дебрца с. Белчишта, со назнака за „Јавен повик за финансиска поддршка и развој на спортот во општина Дебрца за 2026 година“ – лично во архивата на Општина Дебрца.
Јавниот повик ќе трае најдоцна до 28.01.2026 година (среда), до 15.00 часот.
Во прилог на пријавата барателите се должни да ја обезбедат и следнава
документација:
- Тековна состојба од Централен регистар не постара од 6 (шест) месеци ;
- Решение за вршење дејност – спорт од Агенција за млади и спорт (кои се водат во регистарот на министерството за спорт) – не важи за организација на спортски настан, манифестација или проект од областа на спортот;
- Уверение од Управа за јавни приходи за платени даноци и придонеси не постаро од 6 (шест) месеци ;
- Потврда од централен регистар или надлежен суд дека врз правното лице не е отворена стечајна или постапка за ликвидација, не постара од шест месеци ;
- Годишна програма за работа на правниот субјект или план и програма за реализација на спортската манифестација или активност ;
- Изјава дека на крај од тековната година за која се добила поддршката ќе се достави комплетен финансиски извештај за добиените финансиски средства;
- Изјава за преземање одговорност за организација;
- Потврда издадена од соодветна федерација;
Потребни документи за учество на физички лица:
- Пополнeта пријава согласно Јавниот повик ;
- Копија од лична карта или патна исправа ;
- Кратка биографија ;
- Годишна програма ;
- Потврда за поддршка од соодветниот клуб издадена од соодветна спортска федерација или сојуз ;
- Изјава дека на крај од тековната година за која се добила поддршката ќе се достави комплетен финансиски извештај за добиените финансиски средства;
- Банка и трансакциска сметка;
КРИТЕРИУМИ ЗА ФИНАНСИРАЊЕ
За да се утврди дека програмите и проектите се од интерес на Општина Дебрца за развој и поддршка на спортот, тие треба да исполнуваат најмалку еден од следниве општи критериуми:
1.Спортски клубови и здруженија
– ранг на натпреварување во рамки на официјална спортска федерација;
– Активни членови (по категории)потврда од соодветната федерација;
– Учество во соодветна лига на натпреварување(ранг на натпреварување);
– Членови на клубот кои учествувале во национални селекции (по категории); потврда од соодветната федерација;
– Учество на клуб и поединец на меѓунроден натпревар;
– Да го поттикнува и унапредува соодветниот спорт;
– Да го унапредува и развива масовниот и рекреативниот спорт;
– Да поттикнува постигнување на врвни резултати;
– Решение од централен регистар;
– Решение за вршење дејност спорт издадено од АМС кое е дел од регистарот на министерство за спорт;
2.Спортски манифестации, настани и проекти
– Традиција на манифестација / настан;
– Број на учесници
– Ранг на натпреварување (локален,национален,меѓународен)
– Временски период на одржување (денови на организација);
3.Спортисти во индивидуални спортови
– Жител на општина Дебрца;
– Учество на меѓународни и државни натпревари;
– Пласман на меѓународни натпреварувања;
– Ранг на натпреварување;
– Член на Национална репрезентација;
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ЈАВНИОТ ПОВИК
Одобрените активности за финансирање ќе бидат објавени на веб страната на општина Дебрца: www.debrca.gov.mk, и со секој добитник ќе биде склучен договор за регулирање на меѓусебните права и обврски а средствата за реализација на овие активности се предвидени во рамки на Програмата за развој на спорот на општина Дебрца за 2026 година.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Дополнителни информации во врска со Јавниот повик може да се добијат на тел: 046/286-855.
Прилог:Апликационен-формулар спорт
ОПШТИНА ДЕБРЦА
Градоначалник
Златко Сиљаноски