Select Page
Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Топло добредојде за првачињата во Дебрца

Започна новата учебна 2018/ 2019 година во основното образование. По тој повод приредив свечен прием за 22-те првачиња во Дебрца, кои денес за прв пат зачекорија во училишните холови и седнаа во училишните клупи. Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата изразив надеж дека и од ОУ “Дебрца” ќе произлезе некој архитект, успешен спортист, доктор, универзитетски професор, градоначалник, а зошто не и нобеловец. Ние како локална самоуправа, постојано ќе вложуваме во училишната инфраструктура, во наставниот кадар и мотивирани ученици, се со цел учениците во Општина Дебрца да бидат меѓу најдобрите. Од родителите побарав своите деца да ги даруваат со голема и неизмерна љубов, бидејќи на тој начин, тие ќе можат поуспешно да се справуваат со нивните нови училишни обврски и да се изградат во етички силни и здрави морални личности. Во оваа пригода на првачињата им беше доделен училишен прибор, кој традиционално за првачињата од Дебрца го донира фондацијата „Капинков“, ,сопственост на Г-динот Драган Капинков,  бизнисмен од Перт, Западна Австралија, кој по потекло е од битолското село Цапари. Во името на првачињата и на граѓаните на Дебрца, на Г-динот Капинков му изразувам голема благодарност. Благодарност и до Г-динот Зоран Ќосески, почесен конзул на Република Македонија, во Перт, Австралија, по чија иницијатива фондацијата “Капинков” од 2013 година донира училишен прибор за нашите првачиња.

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод почетокот на учебната година

Честитка од градоначалникот Ногачески по повод почетокот на учебната година

Денес во Основното училиште “Дебрца” ( централното училиште, подрачните училишта и подрачните паралелки ) започнува новата учебна година за 212 ученици, од кои 22 првачиња.
На учениците и наставниците им посакувам успешна учебна година.
Во оваа пригода сакам да потенцирам неколку мерки и активности кои како локална самоуправа планираме да ги имплементираме во текот на учебната година, а со цел унапредување на образовната инфраструктура, подобрување на квалитетот на образованието и мотивирање на учениците да постигнуваат високи резултати во образованието и тоа:
-инсталирање на централно греење во подрачните училишта во село Требеништа и село Мешеишта;
ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА
На првиот училиштен ден секое прваче ќе добие училишен прибор.
БЕСПЛАТНА УЖИНКА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Сите ученици од I до IX одделение ќе добиваат бесплатна ужинка. Средствата за ужинката ќе ги обезбедува општината во годишниот буџет, а очекуваме да започне од средината на септември, по завршувањето на тендерската постапка која е во тек.

ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА И УЧЕНИЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА
Општината ќе обезбеди парична награда за најдобрите ученици од четирите подрачни основни училишта во општината, од кои ќе се избира еден првенец на генерација и тројца ученици на генерацијата .

ПОДДРШКА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ
Општината ќе ги покрива сите трошоци за учество на талентираните ученици на меѓуопштински, државни и натпревари во странство.

БЕСПЛАТНА УЧЕНИЧКА ЕКСКУРЗИЈА
За учениците од I до IX одделение општината ќе ги покрие трошоците за еднодневен излет , еднаш во текот на учебната година.

СУБВЕНЦИОНИРАН ОПШТИНСКИ ПРЕВОЗ
Општината ќе им ги субвенционира трошоците за користење на општинскиот линиски превоз на сите ученици кои посетуваат дополнителна настава во приватните образовни центри.

ПАРТИЦИПАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО
Општината ќе соработува со советот на родители и училишниот одбор преку непосредни средби со претставниците на тие органи, најмалку два пати во текот на учебната година .
НАГРАДИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

Годишна Награда за најдобар одделенски наставник во општина Дебрца;
Годишна Награда за најдобар предметен наставник во општина Дебрца.

Големина на Фонт
Контраст