Apr 11, 2026
Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, денес извршивме уредување на неколку патишта во општина Дебрца.

Со ангажман на механизација и екипите на терен, се интервенираше на делови каде беше потребно подобрување на проодноста и пристапот.

Посебно внимание беше посветено на дворните места околу верските објекти, со цел тие да бидат уредени и пристапни за сите граѓани.

Целта на овие активности е да се овозможи побезбедно движење и полесен пристап во деновите на празнување.

Како локална самоуправа, продолжуваме со посветена работа на подобрување на условите во секое населено место.

Велигден е празник на мирот, надежта и заедништвото, и токму во тој дух ги реализираме овие активности.

На сите граѓани на општина Дебрца им посакуваме среќен и благословен Велигден, во здравје, мир и радост.