Apr 20, 2026
Сабота – за некој ден за одмор, за нас ден за работа, без застој.

Денеска бев во с. Врбјани, заедно со мештаните, на терен да ги видиме одблиску децениските проблеми што со години стојат нерешени. Не од канцеларија, туку меѓу луѓето – таму се наоѓаат вистинските решенија.

Разговаравме отворено, човечки, без формалности. Сите сакаме исто – конечно да се реши тоа што предолго се одложувало.

Ќе се работи, чекор по чекор, со конкретни мерки и јасен план. Нема магија, ама има волја и работа.

Фала на мештаните за искреноста и довербата.
Apr 20, 2026
Во мојот кабинет беа претставници од Сојузот на борци од Охрид и Дебрца.

Лично од претседателот г-дин Гоце Георгиевски ми беше врачена книшка за почесен член, како знак на благодарност за мојот ангажман.

Овој ангажман, посветено и неуморно, е насочен кон негување и возобновување на спомениците и спомен-обележјата на територијата на Општина Дебрца.

Исто така, од претставници од Завод и Музеј – Охрид ми беше врачено признание и книга, како израз на почит кон одржувањето и зачувувањето на нашето културно и историско наследство.

Овие признанија претставуваат мотив повеќе да продолжиме со грижата за нашето минато, со цел да го зачуваме за идните генерации.