Select Page
Почитувани граѓани на Општина Дебрца, континуирано инвестираме во почиста животна средина!
🖋️ Денеска имав чест да го потпишам договорот за реализација на новиот значаен проект за нашата општина.
🤝 Овој проект го реализираме во успешна соработка со Министерството за локална самоуправа, односно Бирото за регионален развој.
💰 Станува збор за наменска инвестиција вредна 900.000,00 денари за набавка на нови канти за комунален отпад.
🏡 Секој чекор кон подобро управување со отпадот е чекор кон поубава и поздрава иднина за сите нас.
🙌 Благодарност до институциите за поддршката на нашите заложби за модерна и еколошки свесна Општина Дебрца.