Денес во Општина Корча, Република Албанија, заедно со Општина Колоња и Музејот „д-р Никола Незлобински“ од Струга, потпишавме значаен Меморандум за соработка.
Со заедничка проектна документација и партнерски пристап, ќе аплицираме за проект во рамки на ИПА 3 програмата, со цел да придонесеме кон унапредување на културниот развој на Општина Дебрца. Оваа иницијатива претставува важен чекор кон зајакнување на регионалната соработка и афирмација на нашето културно наследство.
Верувам дека преку вакви иницијативи ќе создадеме нови можности за развој, размена на искуства и збогатување на културниот живот за сите наши граѓани.
Продолжуваме посветено да работиме за напредокот на Дебрца. 


