Mar 7, 2026
Вечерва имав особена чест и задоволство да бидам дел од ифтар вечерата организирана за жителите од муслиманска вероисповед од с. Горенци.
Во духот на светиот месец Рамазан, оваа средба беше прекрасна можност да споделиме моменти на почит, заедништво и солидарност. Нашата општина отсекогаш била пример за соживот, меѓусебно разбирање и почитување на различностите, вредности кои нè обединуваат и нè прават посилна заедница.
Како градоначалник, останувам посветен на градење општина во која секој граѓанин се чувствува почитуван, еднаков и прифатен.
На сите верници од муслиманска вероисповед им посакувам лесен пост, добро здравје и благословен месец Рамазан.
Mar 7, 2026
Предизвикан пожар во с. Издеглевје при што изгореа десетици хектари. Огнот можеше да навлезе во неколку домови и да предизвика голема материјална штета, но среќа е што навремено беше запрен.
Голема благодарност до ТППЕ Охрид и нашите волонтери од „Ентузијаст Белчишта“ – благодарение на нивната брзина и пожртвуваност, штетата беше спречена и животите на жителите беа заштитени.
Општина Дебрца упатува строг апел до граѓаните и земјоделците веднаш да прекинат со палење на стрништата, сувата трева и пасиштата поради исклучително високиот ризик од предизвикување на неконтролирани пожари, Опасност по човечки животи: Пожарите од стрништата можат брзо да се прошират кон шуми, села и куќи, директно загрозувајќи ги животите на граѓаните.
Неконтролираните пожари ќе доведат до Уништување на почвата, Наместо палење, експертите советуваат заорување на стрништата, што помага во зачувување на квалитетот на почвата.

Палењето на стрништа и предизвикувањето на општа опасност на отворен простор се законски казниви дела.