По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената Градоначалникот Златко Сиљаноски, во неговиот кабинет оствари средба со колешките од општина Дебрца
По повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената Градоначалникот Златко Сиљаноски, во неговиот кабинет оствари средба со колешките од општина Дебрца каде, упати искрени честитки до сите жени. Овој ден е симбол на борбата за еднаквост, почит и достоинство, како и признание за огромниот придонес на жените во семејството, општеството и институциите.
Градоначалникот истакна, Почит и благодарност за трудот, ангажманот и значајната улога што жените ја имаат во општеството и во секојдневното функционирање на нашата општина
Жените се двигател на позитивните промени и важен столб во развојот на заедницата. Нивната посветеност, сила и грижа се непроценливо богатство кое придонесува за подобро и похумано општество.
Нека овој ден биде потсетник за потребата од континуирана поддршка, еднакви можности и почит кон сите жени.
Со почит и благодарност,
Честит 8 Март!
