Select Page
Се интензивираат градежните работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца

Се интензивираат градежните работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца

Се интензивираат работите на реконструкцијата на административната зграда на општина Дебрца, во село Белчишта/ 2 фаза.

Во оваа фаза ќе се реконструира големата сала,која ќе се преуреди во мултифункционален простор за одржување на собири,трибини,свечености и други настани.

Ќе се реконструираат долниот спрат и санитарните чвори,административните простории,како и фасадата од северната и западната страна и други активности.

Вредноста на работите изнесува околу 5,5 милиони денари, а средствата се обезбедени преку Центарот за развој на Југозападниот плански регион,Програма за рамномерен регионален развој за 2024 година.