Select Page
Со промотивен наста “Подигање на Еколошката свест” ,одбележан 77-от роденден на ООН

Со промотивен наста “Подигање на Еколошката свест” ,одбележан 77-от роденден на ООН

Денес во рамките на одблележувањето на 77 -от роденден на Организацијата на Обединетите Нации, градоначалникот на општина Дебрца г-дин Ногачески, заедно со градоначалниците на Струга и Охрид, г-дин Рамиз Мерки и д-р Кирил Пецаков, јавни институции, граѓанскиот сектор и приватниот сектор, учесвуваа на промотивен настан – Изложба на слики на тема “Подигање на еколошката свест” по повод Денот на ООН во просториите на Домот на културата – Браќа Миладиновици во Струга. На настанот покрај градоначалникот на општина Струга, г-дин Рамиз Мерко, свое поздравно обраќање имаа н.е евро-амбасадорот Дејвид Гир и  постојаниот координатор на ООН во Македонија – Росана Дуџак.

По завршување на настанот следуваше работен ручек, на кој градоначалниците со преставниците од ЕУ И ОН имаа можност да ги споделаат своите видувања и активности во насока на зачувување на животната средина и подигнување на еколошката свест во своите општини, како и досега спроведените активностите по насока на препораките од УНЕСКО.