Одржана консултативен состанок за нацрт-студијата за валоризација на Белчишко Блато – Сини Вирој
Денес (среда) во Општина Дебрца се одржа консултативен состанок за нацрт-студијата за валоризација на Белчишко Блато (Сини Вирој). На состанокот кој одаше онлајн преку Zoom присутните имаа можност да ја погледнат студијата за валоризација и да дадат свои забелешки и коментари по истата.
По одржаната консултативна седница студијата заедно со прифатените забелешки ќе биде ставена за усвојување пред Советот на општина Дебрца, по што ќе биде и официјално доставена до МЖСПП за отпочнување на постапка за заштита на Белчишкото Блато – Сини вирој за заштитено подрачје од IV – категорија = Парк на природа.
Нацрт-студијата е достапна на следниот линк.
Закажана 6-та седница на Советот на општината Дебрца
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 6-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 6–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2022 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 5-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2021 година
- Прелог – Одлука за усвојување на извештај за материјално-техничко и финансово работење во училиштето за период 01.01.2021 до 31.12.2021 година
- Предлог – Одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Белчишко Блато „Сини Вирој“ во категорија Парк на природата
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Предлог – Одлука за давање на времено користење – задружен дом во с.Лактиње за потребите на месната заедница
- Советнички прашања
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски
Градоначалникот Ногачески упати честитка по повод Прочка
Почитувани граѓани,
Ако човек на човек замерил, ако човек со човек не зборува, денес е денот да се олесни душата од таквиот товар, денес е денот да се подаде рака, да се побара прошка и да се даде прошка.
Токму затоа, да ги поткрепиме нашите семејства, да ги почитуваме нашите родители, да ги почитуваме нашите соседи и пријатели, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден за друг.
Тоа е божјиот пат, патот на љубовта, простувањето и спасението на човековиот род.
Прво треба да си простите на себе си што сте верувале во нешто дека е погрешно или исправно, што не сте пружале љубов на некому кога му била потребна, што не сте дале подршка некому во вистинскиот момент, што сте креирале негативна енергија во животот на некој друг или во Вашиот или кога не сте биле чесни и не сте имале почит кон некого.
Разберете дека не можете да го промените тоа што се случило, туку прифатете го тоа како лекција од животот која Ве научила на нешто.
Простете им на другите, за да Ви биде простено и Вам .
Дозволете ми, на сите православни верници, да Ви го честитам големиот христијански празник, Велики поклади-Прочка и да побарам прошка ако некому сум згрешил .
Покана за консултативен состанок презентација на студијата за валоризација на Белчишко блато
Општина Дебрца Ве поканува на консултативен состанок за нацрт-студијата за валоризација на Белчишко Блато (Сини Вирој). Добредојдени се сите коментари кои би сакале да ги споделите за време на состанокот кој ќе се одржи во Општина Дебрца на 9 март (среда) 2022 г. со почеток во 10.30 часот. На состанокот ќе може да се присуствува и преку Zoom – платформата на следниот линк
https://us02web.zoom.us/j/2200021965?pwd=N0orSUhsN2VrNXh4TFhoVGZMN0UwZz09
Нацрт-студијата е достапна на следниот линк.
Агенда
11.00 – 11.10. ч. Вовед во состанокот, Ѓоко Зороски, Здружение за екологија и туризам „Екотуризам 2016“, Охрид / поздравно обраќање, Зоран Ногачески, градоначалник на Општина Дебрца
11.10 – 11.30 ч. Презентација на нацрт Студијата за валоризација, Д-р Даниел Богнер, консултант (Zoom платформа) и Ѓоко Зороски, „Екотуризам 2016“, Охрид
11.30 – 12.15 ч. Отворена дискусија

