Select Page
Планинарскиот дом во с.Брежани е во завршна фаза

Планинарскиот дом во с.Брежани е во завршна фаза

Реконструкцијата на старата училишна зграда во с. Брежани, Општина Дебрца се ближи кон својот крај.
Преостанува уште хортикултурното уредување, кое поради сезонскиот карактер оставено е за реализација во текот на месец април.
Општина Дебрца добива современ планинарски дом, со капацитет од 20 легла.
Оваа активност се реализира во рамки на проектот „Нови можности за безбеден зимски авантуристички туризам“, финансиран од Европската Унија и Министерството за локална самоуправа, преку програмата за прекугранична соработка со Албанија.
Реализатори на проектот се Црвен крст Охрид, Алпинистички клуб ПАТАГОНИЈА Охрид, Општина Дебрца и Општина Грамш од Албанија.
Градежните активности се одвиваа во насока на зацврстување на објектот со армирано-бетонска конструкција, поставување санитарни јазли и електрична инсталација, поставување нова дограма, како и осовременување на градбата и нејзина преадаптација во планинарски дом.
Градоначалникот Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Градоначалникот Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво

Во рамки на Националната платформа за женско претприемништво, а со цел поддршка и промоција на женското претприемништво на национално и меѓународно ниво, градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески ја потпиша делкарацијата за подобрување и унапредување на положбата на женското претприемништво.

Препознавајќи го женското претприемништво како сила која придонесува во развојот на претприемачкиот екосистем и воопшто економијата во земјата се обврзуваме да ја демонстрираме нашата заложба за подигање на свеста и допринесуваме во креирањето на политиките за значењето на женското претприемништво на национално и локално ниво.