Mar 9, 2022
Денес (среда) во Општина Дебрца се одржа консултативен состанок за нацрт-студијата за валоризација на Белчишко Блато (Сини Вирој). На состанокот кој одаше онлајн преку Zoom присутните имаа можност да ја погледнат студијата за валоризација и да дадат свои забелешки и коментари по истата.
По одржаната консултативна седница студијата заедно со прифатените забелешки ќе биде ставена за усвојување пред Советот на општина Дебрца, по што ќе биде и официјално доставена до МЖСПП за отпочнување на постапка за заштита на Белчишкото Блато – Сини вирој за заштитено подрачје од IV – категорија = Парк на природа.
Нацрт-студијата е достапна на следниот линк.
Mar 9, 2022
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам:
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на 6-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам 6–та седница на Советот на општината Дебрца. Седницата ќе се одржи на ден 14.03.2022 година (понеделник), со почеток во 13.00 часот, салата за седници на Советот на општината Дебрца.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записник од 5-та седница на Советот на општина Дебрца
- Предлог – Одлука за усвојување на Завршната сметка на Буџетот на општината Дебрца за 2021 година
- Прелог – Одлука за усвојување на извештај за материјално-техничко и финансово работење во училиштето за период 01.01.2021 до 31.12.2021 година
- Предлог – Одлука за предлагање прогласување на заштитено подрачје Белчишко Блато „Сини Вирој“ во категорија Парк на природата
- Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести на територијата на општина Дебрца за 2022 година
- Предлог – Предлог – Одлука за давање на времено користење – задружен дом во с.Лактиње за потребите на месната заедница
СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА
Претседател,
Илчо Алексоски