Голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта Apr 9, 2026 Заедно со општинската администрација реализиравме голема еко-акција на потегот од с. Ботун до с. Белчишта. Со заеднички сили успеавме да собереме повеќе од 80 вреќи отпад, оставајќи зад нас почиста и поздрава животна средина. Оваа акција е јасен пример за нашата грижа кон локалната самоуправа и граѓаните на општина Дебрца. Грижата за природата е наша заедничка одговорност, а ваквите иницијативи се чекор напред кон подигнување на еколошката свест. Да продолжиме да ја чуваме Дебрца чиста, уредна и достојна за идните генерации. Голема благодарност до сите кои учествуваа и дадоа свој придонес! Post Views: 23