АКТУЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
ОПШТИНА ДЕБРЦА ОБЈАВА број 01/2025 за отуѓување на уредено градежно неизградено земјиште сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање за изградба на Г2-Лесна и незагадувачка индустрија ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ Согласно Програмата за располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија за 2025 година бр. 01-1450/7 […]
Се известуваат жителите на с.Мешеишта дека на ден 16.12.2025г Вторник ќе има прекин на водоснабдувањето од 08:00ч до 12:00ч, поради монтажа и инсталирање на регулатори за притисок, и поправка на дефект на водоводната мрежа.
Завршивме со асфалтирањето на потегот од регионалниот пат Ботун – Брежани (R29273) до с. Долно Средорече, во вкупна должина од 630 метри. Овој проект е реализиран со финансиски средства од основниот буџет на Општина Дебрца, во износ од 3.957.673,00 денари. Продолжуваме со континуирани активности за подобра и побезбедна инфраструктура во сите населени места.
Со цел активно вклучување на сите заинтересирани граѓани од општина Дебрца и креирање на граѓански буџет низ транспарентен и инклузивен процес, за првпат оваа година на увид на јавноста ги ставаме нацрт програмите и нацрт буџетот за 2026 година на општина Дебрца. Истите ги усвои Советот на општина Дебрца на седницата оддржана на ден 12.12.2025 […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 5-та седница на Советот на општината Дебрца Ја […]
Известување до жители на с.Волино за прекин на водоснабдувањето на ден 11.12.2025г. (Четврток) ЈП за комунална дејност “Дебрца” ги известува жителите на с.Волино дека на ден 11.12.2025г. во Четврток од 11:00ч до завршувањето на активностите, ќе има неколку часовен прекин на водоснабдувањето. Причината за прекинот е поврзување на главната водоводната цевка (од пумпна станица “Св Еразмо”) со […]
Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) – формален и функционален механизам што ги обединува двата региона во единствена структура за управување со отпад. Со ова, државата прави решителен чекор кон воведување модерен, координиран систем за управување со отпад по […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 4-та седница на Советот на општината Дебрца Ја свикувам […]
Денес екипите се на терен – посветено и одговорно, затоа што грижата за нашата општина не познава викенд. Се вршат активности за расчистување на каналите низ повеќе населени места, каде што со години наназад бујната вегетација го попречува протокот на водата и претставува потенцијален ризик за поплави и други проблеми. Работните тимови интензивно сечат, расчистуваат […]
Денес започнавме со уредување на банкините кои со години претставуваа сериозна опасност за безбедноста во сообраќајот. Паралелно се работи и на проширување на коловозот, со што значително ќе се подобри прегледноста и протокот на возила. Оваа акција, која за прв пат се реализира по повеќе од 30 години, е уште еден чекор кон побезбедни и […]
Почитувани граѓани, Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2026 година. Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет. Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар во прилог на овој текст. Посочете ги клучните […]
Денес спроведуваме акција за отстранување на насип од над 300 m² отпад. Ова е само една од многуте локации што ги идентификувавме и влегува во нашиот план за чистење на сите диви депонии низ општината. Да бидеме одговорни – заедно! Како локална самоуправа инвестираме во почиста и уредна животна средина, но успехот е можен само […]
Денеска бев на увид на градежните работи на улица во с. Мешеишта. Се поставува нов асфалт, со што значително ќе се подобри инфраструктурата и секојдневното движење на жителите. Продолжуваме со реализација на проекти во сите населени места на Општина Дебрца.
Долгогодишниот проблем за поврзување меѓу Дебрца и Струга – конечно решен! Денес остварив средба со градоначалникот на Општина Струга, г-дин Менди Ќура. На средбата се разговараше за долгогодишниот проблем со кој се соочуваат жителите на Дебрца, односно поврзувањето со Струга преку патниот правец Требеништа – Мислешево. Градоначалникот информираше дека овој долгогодишен инфраструктурен проблем ќе биде […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 3-та седница на Советот на општината Дебрца […]
Во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање е извршена достава на вкупно 480 канти за отпад со капацитет од 120 литри чија цел е унапредување на управувањето со комуналниот отпад и подобрување на животната средина. Со испораката на новите канти, Општина Дебрца ќе го подобри системот за собирање отпад, со што ќе […]
Градоначалникот на терен заедно со екипите на ЈКП Дебрца, и по целодневната работа и понатаму ја следи состојбата на критичните точки низ општината. Поради обилните врнежи изминативе денови, на територијата на нашата општина се појавија повеќе критични точки и поплавени делници. Екипите на ЈКП Дебрца, заедно со приватните компании кои активно помагаат, непрекинато и во […]
Во повеќе населени места започнавме со решавање на задоцнетиот проблем со уличното осветлување. Работите се одвиваат според план, а зависно од временските услови, продолжуваме со активности на терен. Нашата цел е до крајот на оваа недела целосно да ги надминеме сите забележани проблеми со осветлувањето и да обезбедиме безбедни и осветлени улици за сите жители […]
Во текот на вчерашниот ден во Општина Дебрца остваривме значајна работна средба со соработниците од покраината Тирол (Р. Австрија), г-дин Петер Лотар и г-дин Јоханес Пап. Со особено задоволство ја примивме нивната вредна донација – противпожарно возило што значително ќе го засили капацитетот на општината и волонтерската противпожарна служба во справување со пожари и кризнични […]
Во просториите на Општина Дебрца денес се одржа првата конститутивна седница на новоизбраниот Совет на Општина Дебрца. На седницата беа верификувани мандатите на советниците, со што официјално започна мандатниот период на новиот советнички состав. За претседадел на новиот советнички состав е избран Иван Стрезоски. Свое присуство на седницата имаа и учениците од хорoт при ООУ […]
Денес беше извршен официјален прием на новата машина за чистење и одржување на канализационите системи, наменета за потребите на општината и ЈКП ,,Дебрца”. Приемот беше извршен од страна на градоначалникот Златко Сиљаноски и директорот на Центарот за Југозападен Плански Регион, Валон Каба и директорот на ЈКП,, Дебрца” ,Тино Секулоски. Општината учествуваше на повик за доделување на средства за […]
Денес започна со чистење на крајпатна вегетација на патниот правец село Белчишта-село Ново Село и во следните денови ќе се спроведува акција за чистење на крајпатната вегетација на повеќе локални делници. Акцијата опфаќа: кастрење и косење на обрасната вегетација, отстранување на ниски и високи гранки кои ја намалуваат видливоста, уредување на приодите покрај патиштата. Целта […]
Денес, во просториите на Општина Дебрца, беше извршено официјалното примопредавање на градоначалничката функција помеѓу досегашниот градоначалник Зоран Ногачески и новоизбраниот градоначалник Златко Сиљаноски. На средбата, во духот на демократските вредности и институционален континуитет, беше извршено примопредавањето, со што новоизбраниот градоначалник ја презеде одговорноста за раководење со локалната самоуправа на Општина Дебрца. Досегашниот градоначалник Ногачески му посака успех […]
Почитувани жители на село Мешеишта, Ве известуваме дека на ден 07.11.2025 (петок) ќе биде пуштен во употреба новиот резервоар за вода, изведен од фирмата „Маркоски“ ДООЕЛ. Во текот на изведувањето НЕМА ДА ИМА ПРЕКИН ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО,но по пуштањето на резервоарот ќе се изврши ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА СИСТЕМОТ. Од тие причини, ВО ПЕРИОДОТ ОД 07.11.2025 (ПЕТОК) ДО […]
Денес сме собрани со убава, но и малку емотивна причина – да ѝ посакаме среќно пензионирање на нашата почитувана колешка Лилјана Аврамоска, долгогодишен вработен во Aрхива при Општина Дебрца. Лилјана во текот на својата работа беше пример за посветеност, одговорност и скромност. Со нејзината прецизност, совесност и мирен карактер, таа успеа да внесе ред, доверба и […]
1314 БЕЛЧИШТА ДЕБРЦА ОПШТИНСКА ЗГРАДА С. БЕЛЧИШТА 1315 НОВО СЕЛО ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1316 БОТУН ДЕБРЦА МЕСНА ЗАЕДНИЦА С. БОТУН 1317 ПЕСОЧАНИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ПЕСОЧАНИ 1318 ЦРВЕНА ВОДА ДЕБРЦА ПРОДАВНИЦА НА ” ОХРИДСКА ТРГОВИЈА “ С. НОВО СЕЛО 1319 ЗЛЕСТИ ДЕБРЦА ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ С. ЗЛЕСТИ 1320 […]
Пристигна противпожарното возило ,донација за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија, а кое ќе биде дадено на користење на новоформираното Доброволно противпожарно друштво “Ентузијаст Дебрца.” Градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески изразува особена благодарност до донаторот,Противпожарната бригада на Тирол, Сојузна покраина на Австрија и до командирот на ТППЕ Охрид,Борко Јанкулоски,кој со својот несебичен […]
Денес во историското Црвена Вода, Славна Дебрца,со полагање свежо цвеќе на спомен обележјето, историски час, посета на Спомен собата на ГШ на НОВ и ПОМ и посета на Спомен собата од НОБ во село Белчишта одбележавме 82 година од издавањето на Манифестот на ГШ на НОВ и ПОМ, до македонскиот народ, на 03 Октомври 1943 […]
ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ предводена од Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од РСМ Даниел Огненоски – кандидат за градоначалник Коалиција за локални избори 2025 година предводена од СДСМ Љупчо Паункоски – кандидат за градоначалник Коалиција ТВОЈА МАКЕДОНИЈА предводена од ВМРО – […]
ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025 ГОДИНИ ОПШТИНА ДЕБРЦА УТВРДЕН РЕДОСЛЕД НА КАНДИДАТИ НА ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТ НА ОПШТИНА ДЕБРЦА ИСКУСТВО ЗА УСПЕХ предводена од Либерално-демократска партија, Граѓанската опција за Македонија, Интегра – Македонска конзервативна партија и Партија за целосна еманципација на Ромите од РСМ Ромео Печоски – […]
Во текот на Вчерашниот ден се изврши и последната фаза од процесот на спроведување на програмата за заштита на населението од заразни болести, се изврши дератизација на канализационите системи во општината. Во процесот на дератизација беа опфатени 920 шахти во населените места, Белчишта, Регионален колектор од село Мешеишта до Оровник, село Мешеишта, село Волино, Село […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 50-та седница на Советот на општината Дебрца […]
Активната транспарентност на Општина Дебрца во 2025 година изнесува 89,9 % (од можни 100 %) со што општината се наоѓа во групата институции со ’многу добра‘ активна транспарентност (исполнување на обврските од 80 % до 100 %). Со овие бодови, општината се наоѓа на делба на 29-та позиција од вкупно 102 рангирани институции. Оваа општина […]
Здружението ЕКОТУРИЗАМ 2016, Охрид со учениците од прво до деветто одделение од Општинското основно училиште „Дебрца“ и со поддршка од Општина Дебрца, организираше едукативен настан посветен на запознавање на биолошката разновидност на Белчишко Блато. Учениците имаа можност да се запознаат со дел од богатото био-разнообразие на блатото, да идентификуваат растенија и животни, а во вториот […]
Во село Требеништа завршен неасфалтираниот дел од патот до чешмата кај “Св.Мартинија”,во должина од околу 320 метри. Средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
ДПД Ентузијаст/Volunteer fire association Enthusiast Ohrid во текот на вчерашниот ден превзеде две противпожарни возила заедно со братското волонтерско здружение ДПД Ентузијаст Дебрца/Volunteer fire association Enthusiast Debrca . Ентузијаст прераснува во сериозна волонтерска организација во југозападниот регион на Македонија На свечената церемонија организирана во Тирол, Ентузијаст прими вредна донација од две противпожарни возила и со […]
Општина Дебрца, изврши набавка на 3 нови пловци со вентили за резервоари – два со димензија Ø80 и еден со Ø100. Мотажата ќе ја изврши ЈПКД „Дебрца“, а пловците се наменети за резервоарите во селата Требеништа, Оровник и Подмолје. Со оваа инвестиција конечно ќе се реши деценискиот проблем со прекини во водоснабдувањето, кој настануваше поради […]
Драги сограѓани, почитувани пријатели, Во изминативе осум години, со ваша доверба, ја имав честа и одговорноста два мандати да бидам градоначалник на нашата општина Дебрца – првиот мандат како партиски, а вториот како независен кандидат. Секогаш сум верувал дека два мандати се доволни човек да ја докаже својата визија и да остави зад […]
Во Општина Дебрца се одржа работилница во рамки на проектот EcoFire Youth Ambassadors, реализирана во партнерство со Доброволните противпожарни организации од Охрид и Дебрца и со активно учество на локални чинители. Проектот е финансиран преку Landscape Fire Management in the Western Balkans Programme (LFMWB), имплементиран од Farmahem, а негов носител е Здружението за екологија ЕКОМЕНЛОГ […]
Ја поздравувам секоја активност за пуштање на Автопатот А2 во функција. Меѓутоа,со оглед на тоа да автопатот во најголем дел поминува низ нашата општина,со секое пуштање на делница од Автопатот се создаваат проблеми за граѓаните кои живеат во селата покрај Автопатот. Проблемите се поради недоизградените или несоодветно изградените пристапни патишта и немањето соодветни приклучни места […]
Се поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, треба да се доизградат 3 канделабри, пет клупи,садници. Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
Во двата мандати градоначалник на општина Дебрца потрошив вкупно нула денари општински средства: За репрезентација на градоначалникот вкупно нула денари, За патни торшоци вкупно нула денари. Не Вработив членови на потесното семејство-ниту еден, сами си најдоа работа во приватни фирми. Многумина ќе речете дека никој нема да ми рече фала,а јас искрено мислам дека така […]
За почетокот на новата учебна 2025/2026 година –Градоначалникот Зоран Ногачески им приреди свечен прием за 20 те првачиња од ООУ Дебрца. Посакувајќи им топло добредојде во светот на знаењата, на првачињата им додели училишен прибор, кој традиционално го донира фондацијата „Капинков“ на Драган Капинков, бизнисмен од Перт, Австралија, родум од битолското село Цапари. Пред првачињата […]
Деновиве започна изградба на пристапниот пат од село Ботун до манастирската црква “Св.Богородица”,во должина од 1.3 км. Средствата се обезбедени од Буџетот на општина Дебрца. Исто така, со министерството за транспорт и врски е потпишан договор за користење на средства за проектот “реконструкција на патот од село Злести до црква “Рождество на Пресвета Богородица”, односно […]
Започнавме со реализација на Годишната програма за изградба, реконструкција и рехабилитација на општински патишта и улици за 2025 година. Завршена е: Рехабилитација /нов асфалтен слој на улица во село Оровник,улицата која поминува кај црквата “Св.Спас” и се поврзува со новиот пристапен пат до клучка Аеродром “Св.апостол Павле”,должина 420 метри,вредност 1.589.280 денари, Рехабилитација на улица во […]
Во тек се активностите за уредување на просторот кај црквата “Св.Атанасије” ,село Лешани. Ќе бидат поставени бекатон плочки, 330 м2,травертин 35 м2, 3 канделабри, пет клупи,садници. Вкупната вредност на работите изнесува 1.164.170 денари, а средствата се обезбедени од Буџетот на општината за 2025 година.
На последната седница советот на општина Дебрца донесе одлука за прифаќање на донација на половно противпожарно возило за општина Дебрца од тиролската противпожарна бригада, Република Австрија. Оваа Одлука следува по средбата, која во месец Мај Градоначалникот Зоран Ногачески заедно со претседателот на советот на општината, Крсте Јорданоски остварија со стручна делегација од областа на противпожарната […]
Традиционално секој Август најзначајната спортска манифестација во општина Дебрца е 27то издание на Турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025” Волино,кој оваа година има меморијален карактер и е во чест на прерано починатиот волинец и голем поддржувач на ФК “Сатеска” и “Богородица Купот”, Крсте Илинкоски. Како генерален покровител општина Дебрца го помогна турнирот со 80.000 […]
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа (“Службен весник на РМ”, број 5/2002) и член 22, став 2 од Статутот на општината Дебрца (“Службен гласник на општината Дебрца”, број 3/2005), донесувам: Р Е Ш Е Н И Е за свикување на 49-та седница на Советот на општината Дебрца […]
