Средби со Градоначалникот Златко Сиљаноски секоја Сабота од 10:00 часот до 14:00 часот
May 15, 2026
Дебрца се менува!
За мене нема пауза кога станува збор за потребите на моите сограѓани. Сакам да бидам таму каде што се вашите проблеми, предлози и идеи.
Започнуваме од оваа сабота! Ве поканувам на директен разговор, „лице в лице“ во мојот кабинет. Мојата цел е јасна: никој во Дебрца не смее да биде заборавен, игнориран или оставен сам со својот проблем.
Секој збор што ќе го слушнам ќе биде запишан. Секој предлог ќе биде сериозно разгледан. Секоја идеја што може да го подобри животот во нашата општина заслужува внимание.
Ова не е само ветување, туку моја лична одговорност. Продолжуваме да работиме отворено, чесно и посветено за доброто на сите.
Дебрца им припаѓа на граѓаните, а јас сум тука за вас – секој ден, без разлика дали е викенд или празник.